• Latest

Фирмите го преполовија работното време на новите мајки и не згрешија

December 27, 2019
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фирмите го преполовија работното време на новите мајки и не згрешија

December 27, 2019 15:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По десетина работнички – нови мајки, во изминативе девет месеци ја искористиле поволноста што ја овозможија повеќе компании, вработените што отсуствувале 9 или 15 месеци (доколку имаат близнаци) поради бременост и раѓање, во следните три месеци по враќањето на работа да работат половина работно време, а да земаат плата како за цело работно време.

Последна во низата компании кои ја воведоа оваа практика е „Дуна“, а иницијативата ја покрена „Витаминка“, по што се приклучија „Европа“, „Макпрогрес“, „Рептил“, „Фитофарм“ „Зур“ и „Дим маркети“, пред девет месеци.

„Водејќи се од светските истражувања и трендови, со што се повеќе потврдува дека продуктивноста е многу зголемена кај лица кои работат со пократок број работни часови или пак помалку денови во неделата, сигурни сме дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за нас како компанија, но и за самите вработени“, велат од „Дуна“ за Фрoнтлајн.

Според нив, ваквата одлука е резултат на долгогодишна заложба за континуирано подобрување на условите за работа и верувањето во идејата дека само среќните вработени ќе придонесуваат максимално во секојдневното работење. Од „Дуна“ појаснуваат дека нивната мерка се однесува за период од една година по породувањето.

„За сега сме среќни, бидејќи докажавме дека ваква одлука вроди со плод. Со оглед на тоа што поголемиот број вработени жени се млади, се надеваме дека поволноста ќе имаат можност да ја искористат повеќе лица“ додаваат од „Дуна“.

Во моментот, во фирмата две мајки ја користат оваа поволност.

„Првичната реакција беше одлична, а ние добивме продуктивни и помотивирани вработени од кога било“, додаваат од „Дуна“.

Во „Витаминка“ пак, откако е воведена мерка од средината на март 2019 година, се до денес бројот на вработени кои ја искористиле се пет млади мајки.

„Целта за воведувањето на оваа практика и поволност за вработените, пред се, беше во насока на поставување на бaланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на мајките, несомнено дека младите мајки ја чувствуваат благосостојбата и грижата која ја нуди компанијата за нив“, велат од иницијаторот „Витаминка“ за Фронтлајн.

„Откако ја воведовме мерката неколку жени ги искористија поволностите. Десетина жени по завршување на породилното отсуство доаѓаа по четири часа на работа, земаа плата како да работат полно работно време. Некои и сами не потсетуваа, ако сме ги заборавиле. Секако, имаше и такви кои ја искористија поволноста и потоа дадоа отказ, но со оглед на тоа што во фирмата имаме повеќе од 300 вработени, се очекуваат секакви ситуации. Ние продолжуваме да ја спроведуваме оваа поволност и понатаму, за следните наши трудници“, вели Даница Блажеска, директорка на „Рептил маркети“.

 

Оваа самоиницијативност беше препознаена и од владата, па премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во март им врачија признанија на првите луѓе на шесте приватни компании кои први воведоа бенефиции за нивните вработени што се враќаат од породилно отсуство.

Заев смета дека ова е прекрасна иницијатива на македонски компании и претставува одличен пример како и инспирација за сите други компании во државата.

Сепак, како што појасни тогаш, оваа иницијатива не може да се спроведе во јавниот сектор, бидејќи во тој случај, буџетот на Фондот за здравство треба да се зголеми за 30 отсто.

На средбата со компаниите тогаш, била разгледувана и можноста да се воведе и рамноправно породилно боледување и за татковците, како и за комбинирани делови на породилно боледување на мајките и на татковците.

„Да бидeме искрени, не сме размислувале дали оваа мерка во блиска иднина би се проширила и за татковците, но во секој случај како компанија која голем дел од времето посветува за поттик на задоволството на своите вработени, не се исклучува можноста овие бенeфити да ги користат и младите татковци“, одговорија од „Витаминка“ за Фронтлајн.

Б. Богдановска/ Фронтлајн

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ