Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ донесе одлука по четириесет години да го прекине производството на моделот „Поло“ во Европа од 2026 година.
Еден од најпопуларните модели на оваа компанија, „Фолксваген Поло“, на тој начин ќе влезе во историјата.
Автомобилот е произведен во Памплона, Шпанија, но откако фабриката ќе се затвори поради реновирање и ќе започне производството на нови електрични автомобили, „Поло“ ќе се произведува само во Каријеги во Јужна Африка.
„Фолксваген Поло“ се произведува во Памплона од 1984 година, каде се направени 8,4 милиони примероци. Во споменатата фабрика по реновирањето ќе се произведуваат новите „Фолксваген“ модели „T-Рок“ и „Тајго“.
„Фолксваген“ најави и почеток на производството на новите модели ИД.2 и „Купра Равал“ следната година во фабриката за автомобили „Сеат“ во Марторело.
Извор: ФРОНТЛАЈН