• Latest
Скриншот

Фон дер Лајен: Времето на илузии заврши, Европа е повикана да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана

March 11, 2025

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Фон дер Лајен: Времето на илузии заврши, Европа е повикана да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана

March 11, 2025 11:55
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Европа денес се соочува со истата задача како и пред 70 години, со потребата за изградба на заедничка одбрана насочена кон одвраќање на каков било напад однадвор, затоа што мирот во Европската Унија повеќе не може да се зема здраво за готово, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред Европскиот парламент на дебатата посветена на зајакнувањето на европската одбранбена архитектура и поддршката за Украина.

– Се разнишува европскиот безбедносен поредок и толку многу наши илузии се рушат, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, по завршувањето на Студената војна, некои веруваа дека Русија може да се интегрира во економската и безбедносната архитектура на Европа, а други дека Европа може неодредено да се потпира на целосната заштита на САД и како резултат на тоа трошоците за одбраната од рутински просечни над 3,5 отсто беа преполовени.

– Мислевме дека уживаме во мировна дивиденда. Но, во реалноста, ние имавме само безбедносен дефицит. Времето на илузии сега заврши. Европа е повикана да преземе поголема одговорност за сопствената одбрана. Не во некоја далечна иднина, туку веќе денес. Не со чекори, туку со храброст што ја бара ситуацијата. Ни треба наплив на европската одбрана. И ни треба сега, нагласи Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека Европа секогаш се градела во криза и сега е моментот за „мир преку зајакнување“ и за заедничка европска одбрана.

На Европскиот совет видов ниво на консензус за европската одбрана, што не само што е без преседан, туку беше и целосно незамисливо пред само неколку недели, истакна Фон дер Лајен.

Според неа, во ЕУ се создава ново сфаќање дека мора да се размислува поинаку и да се постапува соодветно, па затоа во наредните недели и месеци ќе бидат потребни поголема храброст и тешки избори поврзани со европската одбрана.

Таа истакна дека зајакнувањето на европската одбрана пред се е потребно поради ситуацијата во Украина, каде постои итна потреба за пополнување на испразнетите воените резерви и за обезбедување цврсти безбедносни гаранции за земјата.

– Но, овој момент не се однесува само на Украина. Се работи за цела Европа и безбедноста на целиот наш континент. (Рускиот претседател Владимир) Путин постојано докажува дека е непријателски сосед. Нему не може да му се верува, може само да се одврати. И знаеме дека рускиот воен комплекс го надминува нашиот. Ако ги погледнеме воените трошоци во реални услови, Кремљ троши повеќе од цела Европа заедно, додаде претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен истакна дека денес опсегот на закани со кои се соочува европскиот континент се зголемува од ден на ден, па затоа во оваа се поопасна ера, Европа треба да се засили.

И тоа е целта на планот што им го претставив на лидерите минатата недела. Неговата логика е едноставна: сакаме да го искористиме секој финансиска лост што го имаме за да го зајакнеме и забрзаме нашето одбранбено производство. Со Планот „Равооружување на Европа“ можеме да мобилизираме до 800 милијарди евра, порача Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека со планот се предвидува промена на фискалните правила на ЕУ, со што ќе ми се овозможи на земјите од ЕУ поголеми издвојувања за одбраната со цел сегашните околу два отсто од БДП за одбранбените трошоци да се зголемат на над три проценти, потоа создавање на нов механизам вреден 150 милијарди евра преку кој на членките ќе им бидат понудени заеми за инвестиции во одбранбените капацитети, како и можност за пренасочување на средствата од кохезивните фондови кон проекти поврзани со одбраната.

– Заедно, сме доволно големи за да ја одвратиме секоја непријателска земја. Имаме економска моќ и сега, конечно, имаме и политичка волја. Сите посакуваме да живееме во помирни времиња, но уверена сум дека ако ја ослободиме нашата индустриска моќ, можеме да го зајакнеме одвраќањето од оние кои се обидуваат да ни нанесат штета. Време е да се изгради европска одбранбена унија која обезбедува мир на нашиот континент преку единство и сила. Ова е моментот на Европа. И Европа ќе се издигне до него, порача Фон дер Лајен во обраќањето во Европарламентот, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ