пишува БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Кривичната пријава против мојата маленкост е волшебство на амбициозниот примат. Хипопотамите на вмро не знаат што да прават со себе, па решиле тој талент да го пробаат и врз мене.
Хахаха
Истрагата на Јавното обвинителство мора да биде насочена кон форензиката на пријавата, демек, кој идиот ја дал иницијативата, кој ја пренел и на кои адреси, кој го дал предлогот за кривичната пријава и кој решил тој злосторнички акт против нормалноста и здравиот разум, да се поднесе до Јавното обвинителство.
Инкриминираниот статус е политичка поезија, ангажирана, се разбира, и јас предлагам, да се емитира во јавниот простор во сета своја ослободителна мисија против просташтвото. Ако против короната моравме да се дистанцираме, во случајот против вмороната, мораме да се обединиме, да се собереме, по кафеани, школи, градинки, стадиони, плоштади, библиотеки, самите со себе, да ги исфрлиме, сите заедно, од узурпираната фотеља на политичката алтернатива.
Тој статус на вмро-дпмне е срамен пораз за сите нас. Не дозволувајте да ве заведуваат со вакви работи. Предлагам да ги погледнеме како што човекот ги гледа бумбарите кои си ги тркалаат своите топчиња говна, како нижи суштества, да ги оставиме да си ги тркалаат, само да ставиме една талпа пред влезот во нашата дупка.
Тоа е.
Благодарам за сета поддршка.