• Latest

Форумот за демократска Македонија со поддршка за решавање на спорот за името

February 1, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Форумот за демократска Македонија со поддршка за решавање на спорот за името

February 1, 2018 19:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Форумот за демократска Македонија (ФДМ) преку соопштение ја поздрави иницијативата за решавање на проблемот со името, што е главна пречка за интеграција на државата во ЕУ и НАТО структурите.

 Според  форумот, денешната посета на медијаторот Метју Нимиц на Република Македонија како и неодамнешната средба на премиерот Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос, се силен импулс за конструктивни разговори кои би воделе кон достоинствено и прифатливо решение на овој повеќедецениски спор.
– ФДМ ќе го поддржи исходот за кој македонската Влада, граѓаните на Република Македонија и сите учесници во преговорите ќе одлучат дека е решение на спорот. Решавањето на овој спор ќе ја отстрани најголемата пречка за влезот во ЕУ и НАТО, што пак за Република Македонија ќе отвори перспективи за многу позасилен економски развој и силни гаранции за стабилност и опстанок, се наведува во соопштението.
Воедно, се нагласува потребата од продолжување со процесот на реформите.
– Ја поттикнуваме Владата да не ги запостави реформите што ќе ја менуваат Република Македонија навистина да стане општество за сите, а не „заробена и партиска држава”, каде правото ќе важи еднакво за сите, институциите ќе бидат во служба на граѓаните, а борбата со корупцијата и криминалот ќе бидат суштински, а не само декларативни заложби, стои во соопштението од Форум за Демократска Македонија кој е заедница на иселеници од Република Македонија и нивните потомци од целиот свет.
[divide]

Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: иметоМакедонијаподдршкарешениеспор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result