Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 866 ден од целосната руска воена агресија во објава на Х по синоќешните руски напади со крстосувачки ракети напиша:
866. Од синоќа продолжува 3-от напад на државата агресор рф. Крстосувачките ракети Х-101 и Искандер-М маневрираат над Украина. Има експлозии во Кијив. Овој геноцид може да се запре со снабдување на Украина со средства за противвоздушна одбрана! #RussiaIsATerroristState
866. Од синоќа продолжува 3-от напад на државата агресор рф.
Крстосувачките ракети Х-101 и Искандер-М маневрираат над Украина. Има експлозии во Кијив.
Овој геноцид може да се запре со снабдување на Украина со средства за противвоздушна одбрана!#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/lsYqYsKmk3— Larysa Dir (@dir_larysa) July 8, 2024
Бараж од руски ракетни напади беа насочени кон неколку украински градови во понеделникот, при што загинаа најмалку 20 лица, а беа повредени уште 50, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Еден од ударите ја погоди детската болница во главниот град Кијив, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко. ЦИВИЛ Медиа од свои извори во Украина доби видео и фотографии од погодена болница во синоќешниот руски ракетен напад врз Украина.
ЦИВИЛ Медиа предходно објави дека синоќа руските агресри ја нападнале Украина со ракети од воздух и од земја: четири X-101 од стратешки авиони Ту-95МС (зона за лансирање – воздушен простор на регионот Саратов) и две балистички ракети Искандер-М (зони за лансирање – Курск регион и привремено окупиран Крим). Според резултатите од борбените операции, противвоздушната одбрана уништила три крстаречки ракети X-101 во регионите Житомир и Черкаси.
Драган Мишев