Специјалните сили на Службата за безбедност на Украина (ССУ) заробија 102 руски војници во областа Курск, пренесува Укринформ.
„Ова е најмасовното заробување на непријателот што успеавме да го извршиме во еден момент. Станува збор за заробување на Руси во областа Курск“, рече изворот на ССУ за Укринформ.
Специјалните сили заробија 102 војници на 488-от гардиски полк и единицата Ахмат.
Како што пренесува Укринформ, заробените Руси од различни единици во регионот Курск изразиле желба да бидат разменети со борците од Азов кои се држат во руско заробеништво.
Според експертите, заробената руска војска во Курската област на Руската Федерација, вклучувајќи офицери на ФСБ, офицери на ГРУ, кадировци, регрути, ќе биде вредна размена за Украина.
Фото: Project “I Want to Live”
Извор: ФРОНТЛАЈН
Подготви: Ј. Ѓ.