• Latest

Фотоволтаиците ја враќаат евтината струја во домаќинствата

February 21, 2023

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фотоволтаиците ја враќаат евтината струја во домаќинствата

February 21, 2023 19:12
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјата има „бум“ во производство на електрична енергија од обновливи извори, поради што е потребна нова легислатива за можноста за складирање на електричната енергија од обновливи извори на енергија и од страна на државата како и од страна на приватни инвеститори, заклучуваат надлежните.

Ваквата можност се отвори по законските измени во текот на минатото летото, со кои се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати.

Со измени во Законот за градење се поедноставија процедурите, па повеќе не е потребно издавање на одобрение за градење од локалната самоуправа. Инвеститорите се сега должни само да ја известат Општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтаици како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори.

Ова го потврдува и првиот човек на Регулаторната комисија Марко Бислимовски кој вели дека сега, во периодот кога беше најскапа електричната енергија, поради фотоволтаиците во Северна Македонија имало најевтина струја.

Изградбата на фотоволтаици не се случува само во земјата, туку и во целиот регион. Освен тоа, според извештаите компаниите инвестираат во енергетски ефикасни начини на производство.

Сепак тоа што е важно е сега инвеститорите т да инвестираат во батерии со цел да имаат производ што ќе трае подолго. Ако производителите на струја од фотоволтаици имаат резерви струја по 19 часот, тоа ќе биде корисно и за компаниите и за граѓаните.

-Оттука, може да се случи во летен период да имаме цени на струјата блиски до нула, па дури и во минус. Ако покажат пресметките, може да се врати дневната евтина струја, појаснува Бислимовски.

Кој ќе ја користи евтината струја?

Од почетокот на 2022 година кај македонските компании владее огромен интерес за инвестирање во фотоволтаични електрани. Ако во 2019-тата имало 35 нови фотонапонски електроцентрали со моќност од 5,8 мегавати, во 2020-тата се 29 со инсталирана моќност од 7 мегавати, додека пак во 2021 година имало 48 соларни електрани со моќност од 14 мегавати.

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали.

Најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали, односно годинава имаат издадено лиценци за 86,8 MW инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 MW се за мали хидроцентрали и 2,5 MW за термоелектроцентрали на биогас, или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 MWh. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа.

-Оваа количина на електрична енергија од над 95 МWh од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со истата може да се задоволат потребите за 27.100 домаќинства, појасни Бислимоски.

Евтината дневна тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто поради енергетската криза и високите цени на слободниот пазар. Доколку останеше евтината дневна тарифа, ќе требаше да се зголеми цената на струјата за дополнителни 5 отсто, односно зголемувањето ќе изнесуваше 14,23 отсто.

Изминатата година граѓаните можеа да користат евтина струја само во текот на ноќта – од 22 до 7 часот секој ден и во недела цел ден.

РКЕ самата го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е можно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот. Тоа значи дека треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја.

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски претходно соопшти дека во 2022 година произвеле 27 отсто повеќе струја отколку во 2021, а оваа година треба да има раст од уште 20 проценти.

На дистрибутивна мрежа веќе се приклучени околу 180 мегавати фотонапонски централи по сите основи, а издадени се согласности за околу 300 мегавати и овој број се зголемува, велат во компанијата ЕВН, дистрибутер и снабдувач со струја за граѓаните и малите фирми.

Според официјалните извештаи во месец јануари, за првпат во последните 15 години, од вкупните потреби на електрична енергија во Северна Македонија, дури 87% се обезбедени од домашните производствени капацитети, додека само 13% се обезбедени од увоз.

Регулаторната комисија за енергетика ја намали цента на струјата за првите два блока на граѓани, но со враќање на ДДВ-то од 5 на 10 отсто сметките од 1 јануари сметките останаа речиси исти, а тоа се повеќе од 90 проценти од граѓаните.

И малите потрошувачи како фризерници, мали кафулиња и продавници од Нова година добија сметки пониски за 20 отсто.

Евтината тарифа претходно беше 3,99 денари, сега изнесува четири денари. За малите потрошувачи во скапа тарифа изнесува 13,73 денари по киловат-час, а евтината тарифа 10,78 денари.

Пониски цени за малите потрошувачи и домаќинствата

За да им се помоге на малите потрошувачи коишто се на регулираниот пазар, во кои се вкалкулирани и енергијата и мрежарината, трошоците од 1 јануари се намалени за 20,15 проценти. Оваа цена се применува за 70 илјади компании во државата, коишто во минатиов период се соочуваа со зголемени трошоци за електрична енергија.

Со одлука на РКЕ, пак кај домаќинствата кои повеќе штедат се намали цената на електрична енергија и тоа за првиот блок за 4,11 проценти, а за вториот блок пак намалување од 2,95 проценти.

Од друга страна, оние кои трошат повеќе добија зголемена цена. Така, цената на третиот блок се зголемуи за 0,85 проценти, додека за четвртиот е со зголемување за 7,65 проценти.

На пример ако семејство троши 630 киловатчасови скапа струја, сметката од Нова година му е повисока за 1,2 проценти, поточно ако сметката досега ви била 3000 денари, од 1 јануари  е за само 35 денари повисока.

ДДВ-то не се покачува туку се враќа на 18 проценти

Државниот производител ЕСМ за првата половина од оваа година понуди струја по 56 евра за мегаватчас, за кои претходно се плаќаа 48 евра. Оваа цена не зависи од Регулаторната комисија за енергетика, туку ја одредуваат ЕСМ и Владата.

За да го ублажи ценовниот удар од поскапувањето на струјата, владата уште на средината на 2021 година го намали ДДВ од 18 на 5 отсто. Од 1 јули минатата година требаше да се врати на 10 отсто, но владата го продолжи важењето до Нова година. Планот е во текот на 2023 година ДДВ да се врати на претходната стапка од 18 проценти.

Цената на првата блок тарифа е 4,73 за енергија и цена за мрежа е 2,68 денари или вкупно 7,41 денар по киловат-час. За вториот блок изнесува 7,84 денари по киловат-час, цената за третиот блок изнесува 8,74 денари и цената за четвртиот блока е 18,81 денар.

Од 1 август беа воведени таканаречени блок тарифи најевтино се плаќаат првите 210 киловатчаса скапа струја, малку поскапо потрошувачката меѓу 210 и 630 киловачаса, уште поскапо од 630 до 1050 киловатчаса месечно, а секој киловатчас над оваа граница потрошен во скапа тарифа е значително поскап.

Соња Танеска

 

 

Tags: евтина тарифаЕСМрегулаторнаструја
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ