• Latest

Фрчкоски: Отпорот кон усвојувањето на резолуцијата за Сребреница беше скандалозен и губитнички

July 11, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Фрчкоски: Отпорот кон усвојувањето на резолуцијата за Сребреница беше скандалозен и губитнички

July 11, 2024 21:23
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е една од седумнаесетте земји кои ја коспонзорираа резолуцијата на Обединетите нации за прогласување на 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница од 1995 година.

На 11 јули, на 29-годишнината од крвопролевањето во Сребреница, и првата официјално одбележана од Обединетите нации, амбасадорот на Северна Македонија во ОН, Љубомир Фрчкоски, зборуваше за Ал Џезира.

– Северна Македонија со ентузијазам ја ко-спонзорираше Резолуцијата за одбележување на Денот на геноцидот во Сребреница во рамките на ОН, како и самиот настан за комеморација на 11 јули во Генералното собрание на ОН“, рече Фрчкоски на прашањето за значењето на усвојувањето на овој документ за меѓународната заедница во актуелен геополитички контекст.

„Прво, тоа е дел од нејзината надворешна политика кон причината за војните од 1990-тите и распадот на СФРЈ и злосторствата извршени за време на тие војни, и второ од етичка причини, траумата од геноцидот во Сребреница мора да биде соочена на патот на нејзиното трајно обележување – за да биде возможно да се изгради поздрава култура на сеќавање на жртвите и нивните семејства кои сакаат да бидат видливи и гласни. Исто така, како воопшто би било можно, врз основа на такво сеќавање и кажување на вистината за геноцидот, да се зачекори кон можни форми на помирување и соживот на народите и луѓето во регионот, а особено во Босна и Херцеговина“.

Притисок врз Скопје

Отпорот на одредени земји кон усвојувањето на Резолуцијата Фрчкоски го оцени како скандалозен и апсолутно губитнички. Тој рече дека српскиот претседател вршел притисок и врз официјално Скопје.

„Резолуцијата беше предложена од Германија и Руанда во соработка со Босна и Херцеговина, по правосилните пресуди на два меѓународни суда, Кривичниот суд и оној во Хаг, дека во Сребреница неспорно е извршен геноцид, а постапката за казнување на некои од учесниците и сторителите е завршена. Отпорот на некои земји, морам да кажам, беше скандалозен и апсолутно губитнички. Од обидот да се негира дека злосторството во Сребреница воопшто е геноцид, и покрај одлуките на судовите, до теориите дека резолуцијата е со крајна цел да воспостави режим на репарации кон некои од земјите и народите во регионот (српскиот) и „некои од нив да се прогласат за геноцидни“. Секое, па дури и најкритичкото читање на Резолуцијата за Сребреница не оправдува ниту еден од овие стравови“, рече Фрчкоски.

„[…] невозможно е да се обвини колективот, народот. Секогаш на одговорност се повикани поединци и одговорноста е индивидуална. Исто така, не се споменува ниту репарација, иако тој дел се однесува на општите одредби од Конвенцијата за спречување на геноцид. Зачудувачки беше и дипломатскиот напор на српскиот претседател Александар Вучиќ да се спротивстави на усвојувањето на Резолуцијата. Се јавуваше и во Скопје во обид да врши притисок врз поранешниот претседател, а српската амбасадорка три пати беше на приемот во МНР за да побара промена на ставот на Македонија. Русија ја поддржа Србија и тие успеаја да излобираат кај дел од африканските земји врз основа на лажни аргументи дека оваа иницијатива е всушност димна завеса на „Западот“ за да сокрие што се случува во Газа или дека Европејците имаат двојни стандарди за одредување што е геноцид и што не е кај нив и кај „другите“. Без разлика на таа жалосна и, морам да признаам, неразбирлива кампања на Србија – Резолуцијата е усвоена со големо мнозинство гласови“.

За амбасадорот Фрчкоски, многу е важно за меѓународната заедница, ЕУ и регионот што оваа иницијатива беше успешна, особено од аспект на меѓународното право, но и геополитичкото дефиницирање на тоа што се случило во Сребреница, Босна и во војните околу распадот. на СФР Југославија.

„Ова е важно за да се стави крај или барем да се придонесе кон завршување на илузиите за „враќање на историјата“ во новите геополитички околности во кои Русија и Кина стануваат доминантни сили во балканскиот регион, а со нив и Србија добива шанса да го „врати сето изгубено“ во војните во 1990-тите“, рече Фрчкоски, одговарајќи на прашањето колку Резолуцијата може да му помогне на балканскиот регион да се соочи со последиците од крвавите војни во 1990-тите и да придонесе за помирување, кога Србија и Република Српска постојано велат дека Резолуцијата придонесува за отворање на старите рани и нови поделби во регионот и во ОН и дека е насочена против српскиот народ.

„За жал, ваква матрица на политиката, колку и да изгледа лудо, постои и во реториката на противење на Резолуцијата и таа драматично излезе на површина. Кога би правеле песимистички сценарија, би изгледале вака – ако Русија успеела во агресивна војна во Украина и ако новата политика на САД, доколку дојде до промена на власта во Америка, би била повлекување од регионот и оставање на ЕУ сама – влијанието на Русија значително би се зголемило, а српската политика и нејзините ограноци во Босна и Херцеговина, дури и во однос на Косово, би добиле шанса да создадат нова нестабилност и такви сценарија веќе создаваат различни дипломатски и разузнавачки институти, заклучува Фрчкоски.

Во случајот со Македонија, иако акцијата на нејзиниот амбасадор во Обединетите нации е јасна во однос на Резолуцијата за Сребреница, останува отворено прашањето како кон неа ќе се постави новата влада од конзервативна првиниенција и дополнително како какви односи ќе развива околу прашањето за српското, руското и кинеското влијание во балканскиот регион. Итната промена на македонскиот амбасадор во ОН не носи оптимистички очекувања во однос на овие прашања.

 

Tags: Љубомир ФрчковскиОНСребреница
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ