• Latest

Фронт 21/24: Не сме блиску до исполнувањата на препораките на УНЕСКО

October 1, 2019

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Фронт 21/24: Не сме блиску до исполнувањата на препораките на УНЕСКО

„Сè е наопаку и кристално јасно го покажува нивото на свеста на нашите авторитети за најголемото природно и културно богатство кое го имаме и чија заштита му ја должиме на светот и сите генерации по нас. Вчера, во седиштето на УНЕСКО во Париз, наша делегација презентираше извештај за „напредокот“во исполнувањето на препораките. Можеби повторно успеа да покаже колку е „сериозно посветена за разлика од претходната власт“, се вели во соопштението. 

October 1, 2019 11:23
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фронт 21/24 денеска изјави дека актуелните рушења на дивоизградените платформи во самото езеро на неколку угостителски објекти на брегот од Охридското езеро, не се поврзани со препораката бр. 9 од УНЕСКО за справување со дивоградбите во регионот, туку дека е еден скромен почеток на основно владеење на правото во областа на урбанизмот во општината.

„Ова е делумно рефлектирано во изјавата на Градоначалникот на Охрид по повод уривањето на платформите, и самиот потврдува дека ова е поместување од мртва точка, иако ние не го гледаме како значајно, но секако се согласуваме дека „конечно во Охридскиот регион мора да започне да се почитува правото и законот“. Секако го поздравуваме и гледаме како позитивен чекор секој пример на почитување на домашните закони од страна на властите (и локални и централни), истовремено сметаме дека земја која се смета за спремна да започне преговори за членство во Европската унија треба да има (и практикува) многу (многу!) повисоки критериуми во областа на основното владеење на правото“, се вели во соопштението на Фронт 21/24.

Тие велат дека во однос на исполнувањето на препораката од УНЕСКО, кое не е започнато,  има повеќе елементи кои сериозно ги загрижуваат и повторно упатуваат на заклучокот дека ни по сесијата на Комитетот за светско наследство во Баку нема значајна промена во намерата на властите да прикажат посветеност кон зачувување на природното и културно богатство.

„На четири месеци до крајниот рок за исполнување на препораките, нашата земја не е ни блиску до суштинско посветување на нивно исполнување. Во клучниот Закон за Охридскиот регион (за кој нашата делегација во Баку флагрантно излажа дека е усвоен), Владата прво измени дел од најважните членови (и тоа набргу по Баку и официјалната пофалба за земјава во последната Одлука токму за „усвојувањето на новиот Закон), па по острите реакции го повлече од собраниска процедура и од тогаш нема ни глас за истиот. Одлуките за воведување мораториум на Охрид и Струга се внимателно скроени да дозволат продолжување на урбаната и крајбрежната трансформација, со делумно регулирање до 01.02.2019 –што, исто како и актуелното рушење, нема врска со препораката на УНЕСКО; Стратешката оцена на влијанието врз животната средина за Планот за управување со регионот (за која исто така флагрантно излажаа во Баку дека се во тек консултациите со јавноста) ја нема ни на повидок; како стојат работите можеби ќе имаме План за управување со регионот пред да имаме нов Закон за управување со регионот, кој го дефинира Планот… Сè е наопаку и кристално јасно го покажува нивото на свеста на нашите авторитети за најголемото природно и културно богатство кое го имаме и чија заштита му ја должиме на светот и сите генерации по нас. Вчера, во седиштето на УНЕСКО во Париз, наша делегација презентираше извештај за „напредокот“во исполнувањето на препораките. Можеби повторно успеа да покаже колку е „сериозно посветена за разлика од претходната власт“, се вели во соопштението.
А. П.
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ