• Latest

Фејсбук нелегално споделил податоци на 2,7 милиони корисници со Кембриџ Аналитика

April 6, 2018

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фејсбук нелегално споделил податоци на 2,7 милиони корисници со Кембриџ Аналитика

April 6, 2018 15:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарката за правда, Вера Јурова синоќа доби потврда од Фејсбук дека податоците на 2,7 милиони европски корисници на социјалната мрежа биле споделени со Кембриџ Аналитика.

Јурова, пред една недела испрати писмо до Фејсбук, барајќи разјаснување околу аферата со Кембриџ Аналитика, во која милиони лични податоци на корисници на социјалната мрежа биле најверојатно нелегално искористени.

Фејсбук во писмото објаснува кои чекори оттогаш се направени, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Писмото ќе биде анализирано во детали и ќе бидат потребни и дополнителни објаснувања од социјалната мрежа пред се за да се усогласат новите правила на Фејсбук со новата регулатива на ЕУ за заштита на лични податоци и поширокиот демократскиот процес, изјави портпарол на Европската комисија.

Портпаролот најави дека Јурова ќе разговара идната недела на оваа тема со раководството на Фејсбук.

Во ЕУ од 1995 година постои директива за заштита на личните податоци но таа ќе биде зајакната до 25 мај годинава во контекст на нарушувањето на употребата на личните податоци преку Фејсбук и Камбриџ Аналитика.

Според портпаролот, новите правила ќе ја обврзат социјалната мрежа да побара и добие јасна согласност од интернет корисникот за споделување на податоците со трета страна. Директивата ќе содржи и рок од 72 часа, во кои социјалната мрежа ќе мора да го извести корисникот доколку неговите податоци биле злоупотребени. Во ЕУ, надлежните за заштита на лични податоци ќе добијат можност да санкционираат доколку има нарушување на дириективата за заштита на лични податоци и тие санкции ќе можат да изнесуваат и четири отсто од вкупниот промет на социјалната мрежа.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Европска КомисијаКембриџ аналитикафејсбук
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ