„Мајмуни оставете до крај – честит Велигден Илинден говеда северџански непрокопсани“ – коментираше Фејсбук профилот кој се појавува под името Петре Слободанка Дервишови, под објавата на Фронтлајн за гаф на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска во говорот од Ташмаруништа честиташе Велигден наместо Илинден, па се поправи.
Мицкоски во денешниот говор на традиционалниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Ташмаруништа честиташе прво Велигден па се извини уште во истата реченица, се поправи и кажа Илинден, известува „Фронтлајн“.
„Но „патриотската стража“ реши да го игнорира тоа и се обидоа да го заштитат својот шеф (или симпатија) со лага. И не им беше доволно тоа, туку тргнаа и со навреди против Фронтлајн“, известуваат од редакцијата.
Ако фотографиите се автентични, зад профилот под името Петре Слободанка Дервишови стојат навидум пристојни, семејни луѓе.
Изразите во нивниот коментар, сепак, откриваат нешто друго: „говеда северџански непрокопсани“. Навистина недостојно, особено на еден голем празник каков што е Илинден – пишува Фронтлајн.
„Политичарите прават многу поголеми грешки и гревови. Кога ќе направат некој гаф, тоа е прилика да се насмееме и пошегуваме на нивна сметка. Не треба тоа да биде причина за истурање гнев и омраза против оние што се пошегувале со политичарите. Ниту, пак, гафовите на политичарите говорат за тоа колку тие навистина вредат. Оценките за работата на политичарите се носат врз основа на нивните дела. Или криминали. Гафовите се за смеење. Еве, на пример, во 2019 година, за време на претседателската кампања, многу се смеевме на кандидатката Силјановска-Давкова која никогаш не знаеше каде е“, се вели во објавата на „Фронтлајн“.
извор: ФРОНТЛАЈН