Целосен молк завладеа по разобличувањето на лажните вести кои порталот на двоецот Латас и Ивона (вечер.мк) ѝ ги подметнаа на јавноста дека, наводно, „Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година“. Патем речено, порталот е одметнат од вистинскиот дневен весник „Вечер“ во кој Латас и Ивона не работат повеќе од три години.
ЦИВИЛ Медиа го објави текстот „Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе“ во кој се разобличуваат лажните вести на порталот вечер.мк и порталите блиски до Фамилијата, за неуспехот на македонската правда. Се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна. Но, никој до сега не излезе со исправка, а за извинување и да не говориме. Никој не ги повлече објавите на социјалните мрежи во кои има и говор на омраза. Од никаде не пристигна осуда за лажните вести и говорот на омразата што беа објавени во медиумите и на социјалните мрежи. Никој не е земен на одговорност.
Во приложената галерија, се гледа како се дистрибуираат лажните вести.
Џабир Дерала
[envira-gallery id=”105343″]
ПРОЧИТАЈТЕ ЗА ШТО СЕ РАБОТИ:












