• Latest

Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе

August 14, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лажните вести на порталот вечер.мк имаат кратки нозе

Сензационалната „вест“ на порталот вечер.мк и другите медиуми блиски до Фамилијата, за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна. За што се работи?

August 14, 2019 13:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Што дозна порталот вечер.мк во својот текст објавен на 11 август? Шведска одби екстрадиција на Дејан Давидовски за 27/4 – “Тоа е политички прогон!“ – се вели во бомбастичниот наслов. Тоа што три дена подоцна се испостави дека е учебнички пример за лажна вест, го презедоа дваесетина портали од истата групација блиска до ВМРО-ДПМНЕ. На социјалните мрежи се крена бран од реакции, преполни со говор на омраза и поддршка на напаѓачите на Македонското собрание на 27 април 2017 година.

Во текстот на порталот вечер.мк се вели:

„Во Шведска е одбиено барањето од македонските државни органи за екстрадиција на Дејан Давидовски, обвинет за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Дејан Давидовски беше уапсен во Шведска во април годинава по потерница на Интерпол.

Решението зошто судот во Шведска одбива да и го испорача на Македонија Дејан Давидовски е образложено во 18 точки. Во образложението се наведува дека Дејан Давидовски според шведскиот суд е гонет и треба да биде суден во политички а не криминален процес, и дека не постојат доволно докази за дело тероризам, а крајната оценка е дека за овој предмет не се води фер и законски основана постапка.

Поради тоа судот во Шведска му препорачува на Дејан Давидовски да поднесе барање за азил за да не биде и понатаму цел за политички прогон од Македонија.“

Оваа сензационална „вест“ за неуспехот на македонската правда, се испостави дека е целосно неточна. Имено, ниеден збор од таа „вест“ не е точна.

Амбасадорот на Кралството Шведка, Матс Стафансон, во изјава за ЦИВИЛ Медиа вели:

„Постои решение од Окружниот суд да го задржи Дејан Давидовски во притвор сè додека не се донесе одлука за екстрадиција. Нема ништо во оваа одлука од Окружниот суд што се однесува на барање азил. Би било многу чудно ако некој од Окружниот суд даде коментар на било кој штпо аплицирал за азил. 

Што се однесува до процесот за екстрадиција, нема решение. Барањето сега е доставено до Врховниот суд за да испита дали постојат правни основи да се одобри екстрадицијата под услови утврдени со закон. По овој преглед, ова мислење ќе биде доставено до Владата во Шведска за понатамошно испитувањето и донесување на одлуката за случајот. 

Значи, нема одлука за екстрадиција, Владата во Шведска не донесе никаква одлука за овој случај. Единствената одлука е од Окружниот суд да се задржи Дејан Давидовски во притвор.“

Значи, напаѓачот е во притвор и, за сега, останува во сила одлуката тој таму и да се задржи, до конечната одлука на шведската Влада! Каде порталот вечер.мк ги виде 18-те точки врз кои го темели својот став дека Дејановски е мета на политички прогон останува мистерија. Исто така, останува отворено прашањето дали сите портали што ја пренесоа лажната вест на порталот вечер.мк, сега ќе ја објават и оваа „исправка“. Останува отворено и прашањето, дали и некои пратеници што ретвитнуваа отровни коментари на оваа лажна вест, ќе имаат доблест да ја кажат вистината или барем дека биде изманипулирани. И, се разбира, сѐ уште изостанува институционалниот одговор на оваа лажна вест во која се имплицира правосудството и на една пријателска држава.

Џабир Дерала

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share67TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ