Премиерот Христијан Мицкоски, на 4 октомври 2026 изјави:
„Не можам да кажам дека сум задоволен од пораките коишто ги испрати претседателката“, рече Мицкоски.
Ден потоа, на 5 октомври 2026 година, премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, одговори:
„Видете, јас тоа го слушнав од опозицијата и од одредени медиуми блиски до опозицијата. Мислам дека не само што не ја говорат вистината, туку и се обидуваат сега да ја искривуваат вистината“, рече Мицкоски.
Остануваат двете изјави на премиерот, дадени во два последователни дена: на 4 октомври рече дека не е задоволен од пораките на Фон дер Лајен, а на 5 октомври тврдеше дека приказната за неговото незадоволство доаѓа од опозицијата и медиумите блиски до неа. Видеозаписите овозможуваат јавноста сама да процени кој ја „искривува вистината“.
ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.
Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.
Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.
Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.












