„Денеска во Ирпин, заедно со претставници на украинската Влада.
– Градот е жив доказ дека руската агресија над Украина претставува тешко кршење на меѓународното право. Нападите врз цивилите се воено злосторство, за што мора да има одговорност.
– Пронајдени се телата на бројни цивили, додека над 70 отсто од зградите се потполно или делумно уништени, вклучително болници и образовни институции“, напиша на Фејсбук министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по неговата посета на Ирпин.