• Latest

Галички кашкавал, „станушина“ и македонски мед на „Тера Мадре Балкан“ во Брисел

May 21, 2018

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Галички кашкавал, „станушина“ и македонски мед на „Тера Мадре Балкан“ во Брисел

May 21, 2018 07:36
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Галички кашкавал, вино „станушина“ и мед од Македонска медоносна пчела, се само дел од нашите традиционални производи што ќе се дегустираат на 5. „Тера Мадре Балкан“ во Брисел. Годинашната средба на мрежата на организациите на Слоу фуд од Регионот почнува денеска и ќе трае до 23 мај. 

Во кантината на Европскиот парламент ќе бидат изложени и слаткотото од диви смокви и буковската пипер кои, исто така, се очекува да бидат дегустирани од учесниците на средбата.

буковец

Во Брисел на „Тера Мадре Балкан“, меѓу деветте земји од Регионот е и Македонија, со своја Слоу фуд делегација составена од производители, готвачи, експерти, активисти и претставници на Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие ќе учествуваат на дебатите во чиј фокус годинава се националните регулативи за традиционалните производители и нивното прилагодување кон ЕУ легислативата.

„Тера Мадре Балкан“ официјално почнува утре, со презентацијата „Oстров на вкусoвите од Балканот“ на која ќе бидат дегустирани нашите производи, по што следува првата работна сесија „Потенцијалот на Западен Балкан за одржлив и рурален развој како двигател во европската интеграција“. На сесијата ќе биде презентирана регионалната соработка во земјоделството и руралниот развој, а ќе стане збор и за потенцијалот и предизвиците на Западен Балкан на ова поле.

Вечерта е резервирана за Слоу фуд готвачите. Домаќините, членови на Алијансата на готвачи, заедно со гостите-готвачи од Балканот, исто така дел од Алијансата, ќе креираат менија преку кои ќе биде доловено богатството на балканското гастрономско наследство. Ќе се готви во девет различни ресторани во Брисел. Нашиот, македонски претставник, готвачот Дејан Карапеев ќе готви со францускиот колега Оливие Каузабон во неговиот ресторан „Чез аугуста“.

готвачи

Настанот е најавен на фејсбук страницата на „Чез аугуста“ на 14 мај, како и на фб-профилот на меѓународната Слоу фуд организација на 15 мај со целосното мени.

За задутре, 23 мај, се закажани две панел-дискусиии: за флексибилната имплементација на ЕУ регулативите во однос на хигиенските барања при традиционалното производство, како и за заштитените географски ознаки како инструмент за зачувување на диверзитетот на храна.

Слоу фуд Македонија ќе го презентира сработеното во изминатите 12 месеци во рамки на проектот „Од нива до маса – канализирање на проблемите на фармерите“. Изнесени ќе бидат и предлозите за подобрување на постојната национална регулатива за олеснување на традиционалните производства. (МИА)

Tags: БриселСлоу Фуд
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ