• Latest
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Гаши: Интерпелацијата не е политички издржана, од никого никогаш не сум барал да прекрши закон

August 27, 2024

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гаши: Интерпелацијата не е политички издржана, од никого никогаш не сум барал да прекрши закон

August 27, 2024 13:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

ФОТО/ Претседател на Собрание на Северна Македонија Африм Гаши

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска, на првиот брифинг со новинарите по преземањето на фукцијата, изјави дека интерпелацијата за него не е политички издржана. но истата ќе ја стави на дневен ред на седница.

„На седницата на Собранието на 3. септември ќе ја ставам на дневен ред и интерпелацијата за мене како претседател на Собранието. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа“, истакна Африм Гаши.

Осврнувајќи се на неколкуте забелешки и медиумски написи за него во изминатиот период, но и тврдењата во самото барање за интерпелација, рече дека не направил никаква повреда на секуларноста, како и дека не побарал од никого да бидат прекршени меѓународните или домашните закони.

– Од никого никогаш не сум барал да прекрши закон, изјави Гаши одговарајќи на новинарски прашања во врска со случајот со косовската претседателка Вјоса Османи и со неговото приватно патување со службени возила на свадба во Косово.

На прашањето дали смее Османи или кој било друг претседател на странска држава да одбива да ги почитува законите и безбедносните процедури на аеродром, Гаши одговори дека кој прекршил закон, треба да одговара.

„Сите треба да ги почитуваме законите, како домашните, така и меѓународните, и со ова сметам дека ви дадов одговор на прашањето”.

За свадбата на Косово на која Гаши замина со службени возила, а непроверени на граница поминале и членови на неговото семејство, Гаши оцени дека тоа е тривијално обвинување.

– Каде и да одам мора да ги известам припадниците на обезбедувањето. Тие треба да проверат каде одам. Опфатени се и моите приватни патувања. Не е добро што ме напаѓаат за тоа. Не сум одговорен јас дали некој пропуштил патници без проверка, јас не сум на пасошка контрола за да прегледувам пасоши. Немам право да одам со сопствено возило, по закон морам да бидам обезбедуван. Ќе покренам ницијатива да се видам со министерот за внатрешни работи и ова да го разрешиме – рече претседателот на Собранието.

Гаши на брифингот, исто така говореше и за уставните измени, но и за тоа дека коалицијата „Вреди“ треба да прерасне во една политичка партија.

М. Д.

Tags: Африм ГашиинтерпелацијаПретседател на Собрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ