Лидерот на Алтернатива Африм Гаши вели дека е песимист дека процесот на уставни измени ќе се спроведе годинава.
Тој во гостувањето синоќа на Алсат телевизија изјави дека ќе ги поддржат уставните измени доколку се прифати нивниот амандман за борба против корупцијата со кој се предвидува да нема застарување на овие кривични дела.
„Под еден услов ако се прифати амандманот за борба против корупцијата. Ние предложивме уставен амандман додека бевме во Владата, кажавме дека тој прво се однесува на нашите функционери и сакавме еднаш засекогаш да ги подигнеме критериумите за борба против корупцијата во оваа држава бидејќи на сите ни е доста од оние што кои ги злоупотребуваат средствата на граѓаните. Мислам дека е крајно време да се стави крај на ова“, рече Гаши.