Началникот на Здружениот штаб на американските вооружени сили, Марк Мили, во интервју за Defense One денеска соопшти дека Украина најверојатно нема да може годинава ги протера сите руски сили од својата територија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повеќе пати има кажано дека целта на Украина е целосно да ја ослободи територијата.
Зеленски многу пати јавно изјавува дека целта на Украина е да ги протера сите Руси од Украина. И тоа е значајна воена задача. Многу, многу тешка воена задача. Гледате во неколку стотици илјади Руси кои се уште во Украина се под руска окупација, истакна Мили, пренесува Кијив Индипендент.
И покрај тоа што ниту Украина, ниту Русија, не покажаа знаци дека сакаат да преговараат, Мили на 16 февруари за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека војната најверојатно ќе заврши на преговарачка маса. Не беше првпат Мили да каже дека војната ќе заврши со преговори.
Во ноември 2022 година, тој го навлече гневот на украинските власти кога кажа дека Украинците треба да ги искористат руските загуби за да преговараат за мировно решение. Тој подоцна ги појасни своите изјави, додавајќи дека „на Украина е да одлучи како, кога и дали ќе преговара со Русите“.
Не велам дека тоа не може да се направи. Само велам дека тоа е многу тешка задача, истакна Мили, зборувајќи за шансите за победа на Украина.
Г. Т.