• Latest
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Генералите на БиХ до Марк Руте: Александар Вучиќ и Милорад Додик се закануваат дека ќе ја распаднат БиХ

March 6, 2025

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Генералите на БиХ до Марк Руте: Александар Вучиќ и Милорад Додик се закануваат дека ќе ја распаднат БиХ

March 6, 2025 14:55
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на генерали на Босна и Херцеговина испрати писмо до генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод актуелните настани во земјата и нападот врз уставниот и правниот поредок пред неговото посета на БиХ.

Во писмото, кое го пренесува Радиосарајево.ба, тие го потсетуваат Руте дека, како генерален секретар на НАТО за прв пат доаѓа во главниот град на европска земја, која беше изложена на големо воено уништување, за прв пат по Втората светска војна за време на опсада која траеше 1.425 дена, во годината кога се одбележуваат 80 години од победата на антифашистичка Европа (чиј дел е и БиХ) и светот над фашизмот.

Во писмото, генералите ја нагласуваат долгорочната посветеност на Босна кон западните и НАТО вредности, осудувајќи ги обидите на Србија и Република Српска да ги гонат официјални лица на НАТО за нивните минати интервенции. Во писмото, тие ги обвинуваат српските лидери Александар Вучиќ и Милорад Додик, дека дејствуваат како прокси за Русија со цел да ја дестабилизираат БиХ, што и не го кријат, и сериозно го нарушуваат регионалниот мир и безбедност на Балканот со тоа што го водат овој регион во нов конфликт кој може да биде уште поопасен од руската агресија врз Украина.

Го повикуваат Руде да не ја прави грешката што ја направија меѓународната заедница, ЕУ и ОН, правејќи паралели со претходните грешки во потценувањето и справувањето со Слободан Милошевиќ.

Генералите ја потврдуваат својата подготвеност за соработка со НАТО за заеднички да се спротивстават на големите државни фашистички проекти „спакувани“ во „рускиот свет“ на Путин и во „српскиот свет“ на Вучиќ кои водат до нови конфликти.

На крајот од писмото, тие го предупредуваат Руте за плановите што се подготвуваат и веќе се спроведуваат за разбивање на државата БиХ и го потсетуваат дека се подготвени, како и досега, да го продолжат заедничкото партнерство и му посакуваат  на генералниот секретар на НАТО добредојде во Босна и Херцеговина, во нашиот главен град на Босна и Херцеговина.

Драган Мишев

Tags: генерали на БиХМарк РутеНАТО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ