• Latest

Георгиевски: Најважна цел за Македонија е влез во ЕУ и НАТО!

November 8, 2018
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Георгиевски: Најважна цел за Македонија е влез во ЕУ и НАТО!

November 8, 2018 16:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Реториката која денеска ја користи СДСМ е онаа на ВМРО-ДПМНЕ од 90-тите, да речеме – до 2000 година, а реториката што ја користи ВМРО-ДПМНЕ, е онаа на СДСМ од деведесеттите!“, рече Љубчо Георгиевски, основач и посечен претседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на ВМРО-НП, во разговор со ЦИВИЛ Медиа. 

ЦИВИЛ МЕДИА: Господине Георгиевски, имате ли информација што се случува во ВМРО-ДПМНЕ, во однос на тоа што се изгласа за уставни промени, оставките и исклучувањата во партијата?

ГЕОРГИЕВСКИ: Извори на информации немам толку многу, затоа што, за жал, знаете дека во ВМРО-ДПМНЕ кадровската структура е многу променета. Многумина од тие луѓе, малку ги познавам и можам само да ви дадам анализа врз основа на она што во јавноста се презентира како информација.
Според она што го гледам, прво, морам да кажам дека за, жал, и покрај кадровските промени што се случија и пред оваа криза во ВМРО-ДПМНЕ, очекував дека нешто различно ќе се случи на идеолошки план во ВМРО-ДПМНЕ. За жал, тоа не можам да го видам до ден-денеска, гледам дека реториката на ВМРО-ДПМНЕ е се уште реториката што, за жал, господинот Никола Груевски ја внесе во партијата. Идеолошката матрица е таа, идеите се тие, и некако тешко се расчистува со таа идеолошка наслага која 11 години беше карактеристика за ВМРО-ДПМНЕ. Така што, оваа битка на исклучување на пратеници, морам да кажам дека повеќе ја доживувам како битка со периферни работи, а не како некои суштински промени… Дали некои луѓе се врзани со нешто, дали се условени со нешто, не знам… Значи, не е се работи за реална идеолошка трансформација на партијата. За жал, ВМРО-ДПМНЕ денес продолжува да биде носител на една реторика која за мене е надмината, завршена и помината. Јас, како човек кој сум ја основал таа партија, кој сум се вградил во таа партија, имам и едно лично жалење, што моите идеи и моите сфаќања за Македонија, денес повеќе ги препознаваат луѓе од СДСМ, и сега, нормално како свои, ги истакнуваат и се борат за тие идеи. А, партијата која сум ја создал, ја зборува со поинаква реторика. Ако направиме споредба, не можам да не ја забележам критиката – дека реториката која денеска ја користи СДСМ е онаа на ВМРО-ДПМНЕ од 90-тите, да речеме – до 2000 година, а реториката што ја користи ВМРО-ДПМНЕ, е онаа на СДСМ од деведесеттите!
Едноставно, не можам да начудам какви се процеси се случија во Република Македонија… Жал ми е што тоа се случува, жал ми е што партијата која концептот за државнотвороста го донесе во Македонија во 90-тите, денеска се претвора во некаков собирач на стари приказни, на некои погрешни сфаќања за идентитетските прашања. А чувството за државност е тука некаде по пат изгубено… И, сето тоа, за жал, ја прави таа партија, далечна од мене.

ЦИВИЛ МЕДИА: Доколку не успее Договорот со Грција, има ли Македонија „План Б“?

ГЕОРГИЕВСКИ: Можеби до пред петнаесетина денови ова прашање имаше повеќе основа, зашто гледаме дека некои проблеми се надминаа. Сепак, денеска има доволно пратеници кои би гласале во македонскиот парламент и во таа насока, јас сум оптимист дека оваа агенда ќе се истера до крај. Не гледам во овој момент некоја сопка со која може да се случи да не поминат уставните амандмани. Меѓутоа, некаков „план Б“ не зависи само од Македонија, зависи и од меѓународната заедница. Ние можеме да си правиме какви сакаме идеи и концепти и замисли, меѓутоа, тие концепти и замисли треба да ги прифати меѓународната заедница, затоа што може да имаме многу големи проблеми. Мислам дека ниту Македонија, има некој вистински „план Б“, што ќе прави ако пропадне оваа евроатланска интеграција, а сметам и дека меѓународната заедница не е нештоподготвена да прави политика специјално за Македонија, и да ни дава простор да се развиваме во таа насока. Така што, сметам дека и немаме потреба од „план Б“. Ние имаме јасна агенда, нашиот интерес е влез во ЕУ и НАТО! Тоа како држава, како нација, како граѓани…, сме го поставиле многу рано, со правењето на самостојна Македонија и сметам дека сега, кога влеговме на патот на таа агенда, треба да ја завршиме.

Ангела Петровска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО-ДПМНЕВМРО-НПДоговор со ГрцијаЕУинтервјуЉубчо ГеоргиевскиНАТОСДСМ
Share211Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    171 shares
    Share 68 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ