• Latest

Герасимовски: Потребни се јавни, транспарентни и побрзи подготовки

November 29, 2018
Фотографија: Скриншот платформа Х

Макрон повика да се инвестира во Албанија, која во 2027 година ја гледа во ЕУ

May 17, 2025

Речиси 60 Палестинци убиени во Газа во текот на ноќта

May 17, 2025

Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

May 17, 2025

Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

May 17, 2025
Дехран Муратов, новинар ЦИВИЛ(Фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Муратов: Да се биде новинар, прво треба да се биде човек, со зборови, но и со срце да не дозволиме Сребреница да се повторува

May 17, 2025
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025
Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

May 17, 2025
Ахмедин Шријељ, СДА Санџак, Србија (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

May 17, 2025
Фото: Скриншот

Студенти и граѓани трет ден ја блокираат судницата во Нови Сад

May 17, 2025
Фото: МИА

Велика Британија и САД работат на обезбедување траен прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан

May 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Герасимовски: Потребни се јавни, транспарентни и побрзи подготовки

November 29, 2018 13:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државниот завод за статистика и експерт за демографија и попис во интервју за ЦИВИЛ Медиа зборува за подготвеноста на Македонија за попис, за неуспешниот попис во 2011 година, предлогот за изоставување на графата за етничка припадност, мешањето на политиката во пописот како статистичка операција, поврзаноста на Избирачкиот список и пописот и низа други прашања поврзани со оваа процедура.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали Македонија е спремна за попис?

ГЕРАСИМОВСКИ: На еден начин, Македонија веќе треба да биде во тек на подготовки, бидејќи од она што се планира и што се препорачува согласно меѓународните препораки пописите се спроведуваат во годините на нула и единица. Според тоа 2020 година е блиску, а исто така и 2021 година. Според сите состојби коишто се од општествен интерес во државата, имајќи ги предвид состојбите коишто следат во натамошниот период, пред сè се мисли на избори, треба да се планира во која година ќе се спроведе и самиот попис.

Тоа значи дека ако 2019 година имаме едни избори во 2021 други избори, согласно законот за избори, тоа значи дека најдобро би било пописот да биде во 2020 година. Бидејќи во иста година не може да се спроведуваат две активности коишто се од големо значење за државата. Според тоа произлегува дека државата треба да биде во полн ек на подготовки за попис во 2020 година, според најавите на надлежната институција за спроведување на попис.

Истовремено за напомена е и тоа дека согласно препораките коишто се носат од страна на Обединетите нации и Евростат, тело коешто работи во Европската Унија во областа на статистиката имаат донесено препораки за попис уште на 10 јуни 2015 година. Препораки кои треба да ги применуваат сите земји во светот коишто спроведуваат попис. Според тоа, ако се има предвид дека 5 години пред спроведување на попис се носат препораки, тоа значи дека секоја земја од денот на донесувањето до почеток на спроведувањето на пописот треба да бидат во тренд и во тек на сите активности коишто треба да се спроведат во еден попис.

ЦИВИЛ МЕДИА: Што треба да се направи за успешен попис?

ГЕРАСИМОВСКИ: Веднаш да напоменам дека и во тие препораки се дадени основните елементи што значи попис и сè што треба да се направи во тој изминат период. Според тоа, веројатно и сигурно е дека надлежната институција којашто треба да го спроведе пописот, а тоа е Заводот за статистика, којшто треба тековно да ги врши своите подготовки. Оттука сметам дека и нашата надлежна институција во државата е во тек на подготовки, меѓутоа се уште не е доволно транспарентна во однос на информираноста кон јавноста, кон граѓаните и веројатно кон се она што треба да биде од медиуми па натаму. Според тоа останува дека скоро една година ќе биде актуелна пред попис, дека за сето ова треба да се вложат големи напори за брзо медиумско претставување и информирање. Од аспект на тоа дека начелно би требало да се вршат подготовки, а за тие подготовки покрај надлежната институција, треба да бидат направени подготовки во однос на низа надлежни институции коишто постојат во државата, а коишто имаат допирни точки и коишто имаат големо влијание врз сите подготовки, врз сето она што треба да се направи за спроведување на еден успешен попис. Во таа насока сметам дека има десетина институции кои во државата имаат допирни точки и коишто би дале голем придонес во однос на успешноста и квалитетот на сето она што треба да биде подготвено, спроведено и објавено.

Ова го говорам повеќе од аспект на стручен план бидејќи пописот мора да биде спроведен стручно, професионално и крајно квалитетно. Од аспект на тоа дека со пописот се добиваат податоци коишто не се добиваат од други извори во државата. Според тоа, пописот не е прашање коешто треба да решава едно прашање, туку прашања коишто се во интерес на државата, прашања коишто се во повеќе карактеристики важни за државата и затоа на почетокот на содржината на пописот би напоменал дека во него се опфаќаат географските карактеристики, демографските, социјалните, економските, образовните, културно-етничките карактеристики, карактеристики од областа на домувањето итн…

Од сите овие карактеристики произлегуваат низа прашања коишто треба да се постават. Така што обемот и содржината е доста голем и тоа значи дека пописот е најмасовна статистичка акција, во однос на содржината и белезите, во однос на масовноста на учество и во однос на финансиските средства коишто се потребни. Сето тоа значи дека мора навремено да се направат сите подготовки коишто влијаат на сето ова.

ЦИВИЛ МЕДИА: Колкава е штетата од немањето попис во изминатите 16 години?

ГЕРАСИМОВСКИ: Податоците се неминовно потребни. Не би говорел наназад, она што се случи со пописот во 2011 година којшто не заврши успешно и беше прекинат, попис кој не остави сиромашни за голем број податоци коишто требаше да ги имаме. Затоа и не случајно реков, препораките се носат со 5 годишен период пред попис и 10 годишен период на спроведување од еден до друг попис. Ние останавме многу кратки со податоци чиј единствен избор е пописот и ние од 2002 година наваму немаме свежи податоци. Тоа значи дека не се направени и други активности коишто подлежат и коишто се извор од пописот и се служиме со низа податоци коишто се веќе застарени. Тоа не доведува во друга ситуација бидејќи немаме свежи податоци од попис, да податоците коишто се од 2002 година не само што се застарени туку и не ја одразуваат и веродостојноста и показателите на сите статистички истражувања коишто се спроведуваат во земјава, бидејќи користиме податоци од 2002 година.

Во изминатите 16 години се настанати многу промени во државата од многу од набројаните аспекти. Првото и основното прашање во државата ние не знаеме точно колку население имаме, на ниво на држава, на ниво на региони, на ниво на општина, а да не говорам по населени места. Особено е карактеристична појавата на населените места и во овој контекст би го навел следното: во 2002 година, според тие податоци, во државата од 1767 населени места во 147 немало население. Тоа значи дека 147 населени места биле раселени. Втората работа е што 160 населени места имале до 10 жители. Тоа се веќе 300 населени места што може во изминатите години да бидат раселени. Или, пак, 560 населени места биле до 100 жители. Што се случувало за 16 години е секако проблем кој не ни е познат. Проблем кој пред се не загрижува од демографски аспект, а секако, ако го имаме додадено и природното движење на населението коешто во изминатиот период е со позитивно салдо, меѓутоа со мал број на население, односно со намалување на наталитетот, ние веќе втора декада имаме појава каде што бројот на населението во општините се намалува, по природен пат, каде што наталитетот е мал, а морталитетот е поголем. Тоа се 44 општини. Тоа се околу 55% од општините во државата, од вкупно 80. Тоа значи дека ако на сето тоа го вклучиме и иселувањето од земјата коешто последните години е доста актуелно, каде што државата не знае и нема институција која води евиденција за тоа колку население е иселено од земјата, значи дека состојбите во однос на демографијата се доста загрижувачки. Бидејќи ако земеме само еден регион во државата во последните години од 2002 наваму, источниот регион каде што има 11 општини, во сите општини  веќе појавува негативно салдо на население. Тоа е по природен пат, врз основа на природно движење на население, наталитет и морталитет, ако на тоа додадеме дека голем број на население заминало во странство коешто е отсутно и во подолг временски период, значи уште покатастрофална е демографската состојба.

Сето тоа налага да се има еден квалитетен попис. Сето тоа дека подготовките одат и се во тек е во ред, меѓутоа тие се недоволно отворени за јавноста и транспарентноста или недоволно демократски, бидејќи пописот отвора низа прашања не само за договор со политичките партии, туку со граѓаните, со јавноста, со невладините организации, со надлежните институции, со Македонската академија на науките каде што ќе треба да наиде на широка и јавна расправа во однос на сето она што треба да биде подготвено и спроведено, за пописот да биде успешен.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се основните карактеристики на еден попис?

ГЕРАСИМОВСКИ: За самиот попис е карактеристично и тоа дека сите белези и сите податоци коишто се дадени во самите препораки за пописот имаме две карактеристики: едната е дека во пописот има главни белези и споредни белези. Понатаму, врз основа на главните или споредните, постојат и изведени белези. Главните белези за попис мора да ги спроведат сите земји што спроведуваат попис од аспект на тоа да има меѓународна соработка, односно меѓународна споредливост на податоците. Тоа истовремено значи дека основните карактеристики коишто се бараат со пописот за да се рангира земјата во некои рамки по било која карактеристика мора да ги содржи главните белези. Споредните белези се белези коишто се за потреба на државата коишто ќе произлезат од јавната расправа, коишто ќе произлезат од мислењата на научните институции, од надлежните организации, од граѓанскиот сектор, се она што може да даде придонес за еден квалитетен попис со голем обем и содржина на податоци коишто ќе ги има. Изведените белези се врз основа на она што може да се вкрсти, меѓу главните и споредните белези за да не се оптеретува содржината на пописот, и да се изведат по друг пат којшто е многу полесен и поедноставен, а такви примери имаме многу.

Пописот е од голема функција и значење за државата, од широк аспект, којшто бара голема ширина, темелни, стручни и експертски подготовки. Тој е голема и масовна операција. Тука има околу шеесетина прашања коишто се содржат во самиот попис, но со разни потпрашања се околу 100-200 прашања коишто треба да ги одговори секој граѓанин.

Новините во пописот треба да се содржат и од самите препораки за начинот на подготовката или спроведувањето на истиот, а тој во светот веќе во широки рамки е проширен, од начинот на подготвување, па се до техниката и електрониката. Ние во изминатиот период секако спроведувавме попис на еден традиционален начин по пат на интервју, лице во лице на попишувачот и граѓанинот кому му се врши попис, со основни хартиени прашалници коишто ги има и коишто треба да се пополнуваат.

Во многу земји се применува мешовитиот попис, односно, комбиниран начин на спроведување на пописот, односно користење на разни регистри коишто постојат во државите и регистри коишто можат да бидат во функција на подготовките на пописот и негово успешно спроведување. Кај нас, за жал, тие регистри се уште не се доволно развиени, коишто можат да се вкрстат, и затоа не можат да се користат во функција дека само преку регистар може да се спроведе попис. Во поголемиот број земји преку регистарот на население којшто постои се користат податоците и многу е олеснително и од аспект на човечки ресурси и од аспект на финансиски средства каде сето тоа се прави на поедноставен начин. Нашата земја презема мерки во однос на сето ова со носење на Закон за регистар на население, меѓутоа прашање е кога тој ќе профункционира за да можат податоците од регистарот на население да се користат во самиот попис.

Постојат надлежни институции, министерства, коишто собираат одредени податоци за состојбите со населението и истите ќе може да се користат во функција на самиот попис со вкрстување на податоците преку Фондот за здравство, преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за вработување, Катастарот, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи за да може да се дојде до еден комбиниран начин на којшто се прават и такви подготовки. Според сознанијата, се стремиме кон тоа на комбиниран начин на користење на одредени евиденции коишто постојат во државата се пренесат во една база на податоци и сето тоа да биде подготвено за самиот попис.

ЦИВИЛ МЕДИА: Да резимираме, подготвена ли е Македонија за попис?

ГЕРАСИМОВСКИ: Значи, мораме да одиме и ние чекор понапред и во техниката и во прибирање на поквалитетни и поверодостојни податоци коишто ќе одговараат на фактичката состојба во државата, а тоа со еден ваков комбиниран начин, со користење на одредени евиденции и со дополнување на терен да може да се направи квалитетен попис. Во таа насока е дека секако ќе мора електронски да се работи. Тие податоци ќе бидат внесени во одредена база на Заводот за статистика како надлежна и стручна организација која што треба да спроведе попис и во таа надлежна и стручна организација треба да ги има сите овие податоци. Она што е битно во понатамошниот период е дека треба квалитетен кадар во самата институција, квалитетни учесници во пописот, бидејќи пак ќе биде масовен бројот на учесници во пописот, да можат да ја користат оваа електроника, односно да знаат да работат на компјутер, во кој ќе бидат внесени дел од податоците коишто се потребни и коишто ги има. Кога ќе се отиде во домаќинството нема да биде спроведување на попис на хартија да се читаат и да се даваат одговори, туку ќе може да се провери од она што го има внатре внесено во базите на податоци. Сето тоа ќе биде регулирано и законски за да можат многу полесно и поедноставно да одговорат.

Затоа сметам дека подготовките коишто се во тек треба да бидат појавни, потранспарентни и побрзи за да може да се вклучат сите.

 

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети

[divide]

 

Утре читајте: Кои се прогнозите за успешноста на претстојниот попис?

 

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Дончо Герасимовскијавностподготовкипопистранспарентност
Share45Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ