„Се надевам дека претстојните избори ќе се одржат во демократска, фер и слободна атмосфера. Политичарите треба да престанат да се однесуваат како државата да не им припаѓа на граѓаните туку на политичките партии кои ги претставуваат. Овој начин на однесување води до поделба на општеството и ги заплашува граѓаните“,изјави амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих на “Билатерални Канцеларии за Младинска Соработка помеѓу Северна Македониja и Грција“.
„Драги пријатели, за мене, отворањето на пристапните договори за членство во Европската Унија, е од заеднички европски интерес. За ова да успее, мора да ги исполниме ветувањата за заедничко имплементирање на европсикте перспективи. Ова е најдобриот начин за промовирање на реформите и развитокот на владеење на правото, и активностите на вашата организација се многу важен допринес кон оваа цел. Ве уверувам дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Република Северна Македонија во патот кон ЕУ, како и секогаш. Сметаме на вас да ги интензивирате реформите и со тоа да ги убедите сите што се двоумат дали вашата земја припаѓа во ЕУ“, додаде Герберих.