Централната изборна комисија на Косово доби донација на сервер и опрема од Германија, опрема за следење која ќе му помогне на Центарот за броење и резултати.
Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Рохде, рече дека оваа донација обезбедува безбеден изборен процес, ги зајакнува органите на изборната администрација, ја зголемува довербата на јавноста. Рохде изрази уверување дека изборниот процес во недела ќе се одвива без тешкотии, пренесоа косовските медиуми.
„Демократијата и слободните избори се темел на просперитетно општество. Сакаме да ја зајакнеме нашата иднина и демократијата која обезбедува индивидуална слобода за сите нас. Од прогласувањето на независноста, Косово постигна голем напредок во развојот и демократизацијата. Затоа, дигитализацијата на изборниот процес ќе биде клучна за овој напредок. Оваа донација од над 140.000 евра гарантира дека овие сегашни и идни избори ќе бидат безбедни на Косово“, рече амбасадорот Рохде. Тој е уверен, 100%, дека во недела Косово ќе има избори без потешкотии.
Д. Т.