• Latest

Германија не планира на 19 април „да го врати животот во нормалa“

April 11, 2020
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Германија не планира на 19 април „да го врати животот во нормалa“

April 11, 2020 10:44
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Текстот кој е предмет на рецензија на „Критинк“, шири лажна вест дека состојбите во Германија се подобруваат и дека во оваа земја власта подготвува низа мерки кои треба да ја „олабават“ борбата со пандемијата и земјата да се врати во нормала. Тоа е збунувачки со оглед на тоа како беше сфатена кризата во земјата, кој е надлежен за мерките и нивното воведување и укинување и состојбата на теренот.

Во текстот Германија планира на 19 април да го врати животот во нормалa, кој е предмет на рецензија стои дека „Германија подготви список на мерки, вклучително и носење маски, ограничување на собирање луѓе на јавни места и брзо следење на контролата на ширење на заразата. Според властите, тоа ќе овозможи животот повторно да се врати во нормала кога ќе се укинат карантинските мерки на 19 април. Мерките се утврдени во нацрт-акцискиот план подготвен од Министерството за внатрешни работи.“ Во продолжението на веста се вели дека се готват мерки со кои ќе се следи „патеката“ на оние кои биле во контакт со заболените и ќе се отворат училиштта за нормална настава. Каква е фактичката ситуација?

Најпрвин да кажеме дека веста не е точна – и во часот кога е објавена и потоа, непосредно пред прославата на Велигден по Грегоријанскиот календар. Последната вест – од петокот наутро, гласи дека канцеларката Меркел изјавила дека нема ниту збор вонредната состојба да се промени најмалку до крајот на април, значи во нардните три недели.

Според податоците за бројот на заболените во оваа земја од 8 април, што белградска Политика го презеде од Дојче Веле, бројот на заболените изнесува 103 илјади. Според изјавата на првиот човек на иститутот Кох, „прерано е да се размислува дека ситуацијата се подобрува“.

Најпрво, во истиот текст на кој се повкуваме, се потврдува дека Германија нема прогласено вонредна состојба (!), досега строго се води сметка за епидемијата со помош на самодисциплина и со затворање на објекти и капацитети (по сопствен избор на сопствениците) да се намали ризикот од ширење на зарази.

Како и секаде во светот постојат и во Германија стручњаци кои сметаат дека треба да се остави епидемијата да се развива слободно и да создаде масовен имунитет. Но, засега и во оваа земја тие мислења немаат потвра од најодговорните.

Впрочем, германските власти уживаат широка и сѐ поголема поддршка кај граѓаните за строгите мерки (од наш аспект тие не се толку строги, нели). Имено, според последната анкета на јавното мислење на јавниот сервис АРД, Дојчландтренд, оваа борба го подигна владиниот углед. Додека на почетокот на март од работата на владата во Берлин биле незадоволни шест од десет граѓани, сега е обратно, шест од десет се задоволни. Владината коалиција составена од партиите на Унијата, ЦДУ и ЦСУ и од СПД актуелно има поддршка кај населението како ниеден друг владин кабинет од 1997 година досега. Зголемена поддршка бележи и партијата на Меркел, ЦДУ за 34 проценти.

Барем кога е оваа земја во прашање секогаш постојат мноштво извори кои треба да се проверат за да се извлече општ заклучок. Бидејќи тој може да се смета како притисок на нашите здравствени власти (па и пошироко) дека вонредните мерки кај нас се престроги, дека траат предолго или обратно – да се заклучи дека нашето здравство и организираната држава не се ефикасни во обавување на своите задачи.

извор: Критинк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ