Германија ќе ги стави своите војници во силите за брза реакција на НАТО во зголемена готовност, овозможувајќи им побрзо да се распоредат за да ги заштитат источноевропските сојузници во случај на ескалација на тензиите со Русија, соопшти во петокот Министерството за одбрана во Берлин, пренесе Јаху.
Одлуката, донесена во тесна соработка со највисокиот воен командант и сојузниците на НАТО, е реакција на однесувањето на Русија и има за цел да го намали времето потребно за подготовка за распоредување во случај на активирање на силите за одговор на НАТО (НРФ), соопшти Министерството во изјава.
„Зголемената подготвеност за распоредување му овозможува на НАТО, во случај на натамошна ескалација од страна на Русија, да гарантира соодветно уверување особено на нашите источноевропски сојузници со цел да се заштити сојузничката територија“, се вели во соопштението.