По повод десет-годишнината од почетокот на Евромаиданските протести, германскиот министер за одбрана – Борис Писториус, објавува Киев Пост
Ова е втора официјална посета на Писториус по неговото превземање на позицијата Министер за одбрана. Целта на посетата е да се испрати јасна порака дека Германија, која е најголем снабедувач со оружје и опрема за Украина по Соединетите Американски Држави, останува цврсто на позицијата за безрезервна поддршка за Украина и дека Владата на Сојузна Република Германија нема да биде дефокусирана поради ескалацијата на Израелско-Палестинскиот конфликт на Блискиот Исток.
Во рамки на посетата, министерот Писториус ќе оствари посета со претседателот Зеленски, украинскиот министер за одбрана Рустем Умиеров, но и ќе присуствува на церемонија на плоштадот “Маидан Незалежности“ и ќе оствари посета на центар за подготовка на војници.
Пред неколку дена, Канцеларот Олаф Шолцт потенцираше дека Германија ќе ја поддржува Украина „се додека е потребно„.