• Latest

Гир: Изразуваме загриженост за сегашниот развој во правосудството

May 2, 2023

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гир: Изразуваме загриженост за сегашниот развој во правосудството

May 2, 2023 21:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За Европската Унија, како што кажав, владеењето на правото е фундаментално и ако имате компромитирано судство тоа ќе влијае во иднина на обидите на консолидирана демократија и градење на напредна и развиена економија. Сериозно и одблизу ги следиме случувањата во правосудството. Нема да навлегувам во деталите од Судскиот совет, не сум упатен во нивните дискусии и не би било прикладно да го правам тоа но би го кажал следново – Судскиот совет е многу важно тело, одговорен е за промовирање и одбрана на независноста, интегритетот и професионалноста на судиите и затоа е важно што работи, какви одлуки носи и како се однесува, изјави вечерва евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

Во однос на работата на Судскиот совет, Гир во гостувањето на ТВ Сител, вели дека многу е важно начинот на којшто работи тој, и, како што рече, во ниту еден момент да не стане предмет на надворешни политички вмешувања или финансиски интереси, зашто ако тоа се случи, според него, тогаш независноста на судиите ќе биде компромитирана, и конечно тоа ќе влијае на правото, генерално.

Како што кажав, нема да шпекулирам за конкретните случувања во Судскиот совет, тоа е нешто што тие треба да го регулираат, но ќе кажам дека е многу важно, сите членови на Судскиот совет секогаш да дејствуваат со потребното ниво на непристрасност и во интерес и обезбедување независно и професионално судство кое дејствува со интегритет. Не затоа што тоа го бара Европската Унија, туку затоа што е во интерес на граѓаните, истакна Гир.

На прашањето за ситуацијата со Советот на јавни обвинители, кои отворија етичка процедура против обвинителка која јавно ја критикуваше нивната работа и укажа дека постојат политички притисоци врз таа институција, вели дека предизвикот е ист и оти тие се одговорни за промовирање и одбрана на независноста, професионалноста и интегритетот на обвинителите и тоа е исклучително важна улога.

Во врска со конкретниот случај кој го споменавте, не ги знам деталите и не сакам конкретно да го коментирам но би сакал да кажам дека е многу важно ако има свиркачи тие да можат да дејствуваат без страв од последици. Истовремено и свиркачите треба да бидат одговорни, оцени евроамбасадорот.

Во однос на тоа дали земјава се движи во вистинска насока во реформите во правосудството, како што ЕУ очекува, тој повтори дека одблизу ја следат ситуацијата во редовните извештаи за земјава и даваат оценка како сметаат дека се развиваат работите.

Низ годините гледавме позитивен прогрес. Но, во последните месеци ние сме загрижени, видовме поголем број случаи, скоро како по шаблон на однесување, кои не се конзистентни со она што би го очекувале од земја која води преговори. Што мислам под земја која води преговори? Минатиот јули отворивте преговори за членство со ЕУ и тоа значи поинакви односи со високо ниво на посветеност. И очекуваме да видиме остварување на полето на владеењето на правото во позитивна смисла. И што мислам конкретно под загриженост? Тоа покрива широк спектар на проблеми кои беа и во фокусот на јавноста. Нема да ги коментирам конкретно но ќе споменам области на загриженост – видовме во многу случаи кои се однесуваат на корупција на високо ниво одредени повторувања на однесувањето – со враќање на повторено судење и пресуди, кои влијаат на застарување на случаите. Тоа е загриженост. Можеби има силни оправдувања за тие индивидуални случаи, но целокупната повторувачка пракса е загрижувачка. Истовремено, гледаме настани во Судскиот совет, со Обвининтелството за организиран криминал и корупција, и сите тие отвораат прашалници, нагласи Гир.

Според евроамбасадорот, на овие прашања ќе се гледа многу внимателно, низ микроскоп, од првиот ден па се до денот на зачленување во ЕУ, и затоа сите овие настани се следени и изразуваме загриженост за сегашниот развој.

Tags: Дејвид ГирЕУзагриженостправосудствоСудски совет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ