• Latest

Гир: Политичките партии да ги надминат поделбите, влезот во ЕУ да го направат национален проект

June 22, 2023
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гир: Политичките партии да ги надминат поделбите, влезот во ЕУ да го направат национален проект

June 22, 2023 18:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За да се променат нештата, треба политичките интереси да се стават настрана, а фокусот да биде на националните интереси, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на форумот „ЕУРОПЕУМ 2023 – 20 години од Самитот во Солум: патот пред нас“.

– Во тој контекст прашањето за уставни измени, што е суверена одлука на оваа земја, е важен чекор што треба да се преземе, што автоматски ќе води до втората меѓувладина конференција, вели Гир.

Според него, многу е важно да има отворена дебата за оваа прашање и кои се интересите на земјата.

Ги повика политичките партии да ги надминат поделбите и да се обединат околу прашањето за влез во ЕУ и да го направат национален проект.

Гир се наврати и на самитот во Солун пред 20 години кога Унијата имаше само 15 земји-членки. Посочи дека од тогаш до денес има постигнато огромен напредок во Западен Балкан.

Во изминатите 20 години пристапувањето на земјата во ЕУ беше блокирано како резултат на три вета, посочи Гир, со што кредибилитетот на ЕУ беше сериозно нарушен и разбирливо е што луѓето се фрустрирани.

Но, исто така има и одговорности од страна на партнерите во регионот. ЕУ не е главен одговорен за нивните неуспеси во спроведување на реформите, но и за прашања како борбата против корупцијата и владеењето на правото, вели евроамбасадорот. Не треба да се негира напредокот, но исто така треба да се разговара и за одговорноста.

Повтори дека проширувањето на Унијата е во нејзин интерес бидејќи таа има потреба од безбедност, стабилност, просперитет и демократски развој.

Според вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, клучната порака е дека Западен Балкан може да стане дел од Европската Унија, но само доколку бидат вложени големи напори за постигнување на европските стандарди, демократијата и човековите права.

– Треба да бидеме доволно искрени, не само критични, и да кажеме дека темата регионална соработка и билатерални прашања меѓу државите од Западен Балкан со државите членки на ЕУ се предизвик 20 години до ден денес. Проблемот е што веројатно не доволно сериозно и искрено тогаш пред 20 години сме пристапиле кон овие предизвици, се додека не дораснале до мерка на блокади или до ниво на вето, додаде вицепремиерот.

Маричиќ потенцираше дека Самитот во Солун потврдил оти ЕУ има перцепција кон нашиот регион како целина, но, во исто време дава шанса секоја држава да биде индивидуално наградена за напредокот.

Тој е на ставот дека дваесет години по Солунскиот Самит, земјите од регионот се движат со различни брзини.

– Хрватска е членка веќе десет години, а Црна Гора и Србија се во преговори за членство од 2012, односно 2014 година поинтензивно.  Босна и Херцеговина доби кандидатски статус минатата година, Косово се уште е потенцијален кандидат за членство и и оваа година се стекна со можноста за визна либерализација, а Северна Македонија и Албанија ги почнаа формално преговорите на 19 јули минатата година и сега се во фаза на скрининг каде се очекува, по завршување на обврските од скринингот и уставните амандмани за нас, да преминеме во наредната фаза на отворање на кластерот 1, додаде Маричиќ.

Според потпретседателката на Партијата на европските социјалисти и поранешен функционер, Радмила Шекеринска, блокирањето на уставните измени ќе ја пресели вината на македонски терен. Не смееме, вели таа, да си дозволиме автоимуна болест.

– Автоимуна болест е болест што практично твојот организам го тера да те уништува одвнатре. Значи блокирањето на уставните измени само ќе ја пресели засекогаш вината која не е кај нас, ама ќе дојде кај нас, на македонски терен. И посакувам да се создаде мнозинство за уставни измени затоа што во суштина, Северна Македонија беше таа што пред извесно време даде предлог до бугарската страна да влезат Бугарите во Уставот, во преамбулата. Бугарските националисти го одбија, затоа што сметаа дека со ваква измена на Уставот, ќе се покаже дека Бугарите и Македонците се два различни народа. Јас тоа така го гледам. Затоа бугарските националисти пред неколку години тоа го одбија. Може да водиме дискусија зошто го смениле мислењето, не е ни битно. Битно е дека во суштина, оваа промена на еден многу либерален Устав кој е многу широк за различни етнички заедници што е плус за нас, треба да ја направиме, рече Шекеринска, додавајќи дека ни треба политички јавен договор бидејќи политичките партии во државата немаат меѓусебна доверба.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бојан МаричиќДејвид ГирЕУуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ