• Latest

Гир: Враќањето на довербата во правосудството приоритет број еден

January 13, 2021

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Гир: Враќањето на довербата во правосудството приоритет број еден

January 13, 2021 14:24
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Враќањето на јавната доверба во судството е приоритет број еден и тука треба да дадат заложби сите засегнати страни. Функционален правосуден систем е фундаментален процес за секоја земја којашто сака просперитет, напредок, а владеењето на правото и функционирањето на правосудството треба да биде во основата на таа политика“, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир на онлајн презентација на проектот „Поддршка на процесот за реформа на правосудството“, што ја презентираа заедно со министерот за правда Бојан Маричиќ.

Гир посочи дека покажувањето силна политичка волја и заложби при справување на недостатоци во правосудниот систем, се значајни за напредок во процесот на пристапување во Европската Унија.

– Во извешајот од октомври минатата година, Европската комисија го препозна добриот напредок во зајакнување на владеењето на правото и спроведување на стратегијата за реформи во правосудството, вклучително и назначување врз основа на заслуги. Тука е и законот за Јавно обвинителство што влезе во сила минатиот јуни, а којшто обезбедува одржливо решение на случаите и отчетност на кривичните дела што произлегуваат од незаконското прислушување, рече Гир.

Тој подвлече дека законот треба да обезбеди независно правосудство отпорно на надворешни притисоци, меѓутоа, како што посочи, исто така, ќе придонесе за конзистентна имплентација на принципите на транспарентност, преку кои правосудството треба да биде ослободено од ризиците и од перцепцијата за политички влијанија.

Проектот, посочи Гир, поддржува стратешко планирање во правосудството, како и подготовка на стратегија за човечки ресурси за судството и за Јавното обвинителство.

На новинарско прашање кој е ставот на ЕУ за прочистувањето на правосудството и дали е потребен ваков процес за да се подобрат одредени состојби, како во судството, така и во обвинителството, Гир истакна дека оваа реформа првенствено е во интерес на граѓаните.

– Реформата на правосудството е во основа во интерес на граѓаните, затоа што еднаквост пред законот, доверба во институциите исто така ќе придонесе и за инвестиции во земјата, затоа што секоја инвеститор сака да има клима која што е од доверба и предвидлива значи значајно е за сите аспекти, екномски и социјални, посочи Гир.

Во однос на имотната состојба и работењето на судиите и јавните обвинители, Гир исткакна дека Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, Државната комисија за спречување на корупција, треба да продолжат да го вршат својот мандат за да обезбедат добар опфат на сите елементи и тоа значи обезбедување ефективно владеење на правото, добивање на јавната доверба.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ