• Latest
Амбасадорката на Украина, Лариса Дир

Дир: Гладоморот имаше цел да се уништи украинската нација, Кремљ продолжува геноцидната политика против Украина

November 14, 2022

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Дир: Гладоморот имаше цел да се уништи украинската нација, Кремљ продолжува геноцидната политика против Украина

На крајот на ноември, Украина и светот ќе се потсетат на една мрачна епизода од историјата на човештвото – Гладоморот во Украина, што го спроведе Советскиот Сојуз 1932-1933 година. По тој повод, направивме едно тематско интервју со Амбасадорката на Украина, Лариса Дир. Неизбежна беше и паралелата со актуелната политика на Кремљ против Украина кој води брутална војна против цивилите и изврши илјадници воени злосторства по почетокот на агресијата од големи размери на 24 февруари оваа година.

November 14, 2022 14:12
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Амбасадорката на Украина, Лариса Дир

Амбасадорката на Украина, Лариса Дир

Share on FacebookShare on Twitter

Последната сабота од ноември, Украинците и прогресивниот свет го почитуваат споменот на жртвите на Гладоморот од 1932-1933 година во Украина. Можете ли да ни раскажете малку повеќе за Гладоморот во Украина од 1932-1933 година?

ЛАРИСА ДИР: Гладоморот е геноцид на украинскиот народ, кој беше предизвикан од намерно организираните дејствија на комунистичкото раководство за создавање на вештачки глад во Украина во 1932-1933 година, како резултат на кој загинаа милиони луѓе.

На сталинистичкиот режим му беше потребно конечно да „да се вкорени“ на украинско тло.

Покорувањето со глад е сигурен инструмент за терор и убиство. Искоренување на општествените основи на независноста, украинската државна мисла и ограничување на кое било изразување на волја за слободата на развој на украинската нација – беа главните цели на тоталитарниот режим.

За да разберете дека Гладоморот од 1932-1933 година во Украина беше една од компонентите на советската крвава машинерија, доволно е да го прочитате говорот од 1953 год. (подоцна статија) на светски познатиот адвокат Рафаел Лемкин насловен „Советскиот геноцид во Украина“, кој е еден од првите експерти во областа на меѓународното право. Тој своевремено направи анализа на злосторствата на сталинистичкиот режим врз Украинците и ги наведе главните „чекори“ на систематското уништување на украинската нација.

Кои се главните „чекори“ на советскиот геноцид во Украина?

ЛАРИСА ДИР: Да ги цитираме накратко.

Чекор бр. 1: Ударот беше насочен кон интелигенцијата – мозокот на нацијата, за да се парализира остатокот од организмот. Во периодите од 1920 до 1926 година и од 1930 до 1933 година беа убиени или затворени и депортирани наставници, писатели, уметници, политички личности.

Чекор бр. 2: Напад на украинската црква – душата на нацијата, свештениците и високото свештенство беа или застрелани или затворани. Беше ликвидирана Украинската Автокефална Православна црква.

Чекор бр. 3: Гладувањето беше насочено кон земјоделците. Оружјето што беше употребено против нив беше гладот.

Чекор бр. 4. Во позадината на сите процеси беше фрагментацијата на украинскиот народ по пат на населување на туѓинци во Украина и дисперзија на Украинците низ Источна Европа, уништувајќи го на тој начин етничкото единство.

Накратко, се работеше на систематско истребување на украинската нација.

Кои механизми ги користеше комунистичкиот режим за време на Гладоморот 1932-1933 година?

ЛАРИСА ДИР: Гладоморот 1932-1933 година, бидејќи по својата природа беше инструмент и механизам насочен кон истребување на украинската нација, безусловно беше спроведен преку употреба на методи и механизми како што е насилната „колективизација“ (обединување на индивидуални приватни фарми во колективни фарми во државна сопственост). Понатаму, се воспостави водење на „црни табли“, што подразбираше внесување во регистарот на оние што не предале леб, согласно „барањата“ на програмите за државни набавки. Престана било кој облик на трговија. Одземањето на храната беше воспоставен како редовен начин на казнување. На насилен начин одземаа производи, но и семиња за посев. Често се спроведуваше целосна конфискација на имотот на голем број семејства. Многу луѓе завршија во сталинистичките логори. Пресудите на смрт со стрелање беа секојдневна појава.

Гладоморот беше јасно испланирана политика на Кремљ во 1932 година со цел да ги потисне масовните украински протести, да истреби дел од украинската национална заедница и да ги заплаши другите. Едноставно, се работеше за операција да се „вметне“ Украина во тоталитарната машина на СССР.

Сето тоа е во минатото. Што се промени?

ЛАРИСА ДИР: Поминаа 90 години од тогаш, но Москва сè уште употребува слични методи.

Само сетете се дека на 29 октомври 2022 година, РФ објави дека го прекинува учеството во „Договорот за жито“. Блокирањето на „Договорот за жито“ е намерата на Кремљ да ја врати заканата со глад од големи размери во Африка и Азија, како и напаѓачките планови на РФ самата да снабдува со жито украдено од Украина.

Од 1 август 2022 година, 430 бродови извезле 10 милиони тони украинска храна во земјите во Африка, Азија и Европа. Во октомври 2022 година, обемот на извозот би можел да биде 30%-40% поголем доколку Русија вештачки не ги блокираше инспекциите во Босфорот. Од 2 ноември, РФ го продолжи своето учество во Договорот, но со овој чекор државата агресор повторно покажа дека преобразбата на храната во оружје е стар крвав метод на Кремљ.

Во 1932 година беше формиран комунистички репресивен апарат, чија задача беше да ја конфискува целата храна – не само житото. Специјално обучени единици на полицијата и специјалните служби одземале сè што можело да се изеде. Украинските села беа опколени, сите резерви на храна беа одземени, извозот и увозот на стоки беше забранет, луѓето не беа пуштени да излезат, а сите излезни патишта беа блокирани. Милиони луѓе останаа во гладна стапица. Настана целосна смртоносна изолација.

Каква беше географијата на вештачкиот глад. Колкав беше бројот на жртвите на Гладоморот 1932-1933 година?

ЛАРИСА ДИР: Најжестоките репресивни мерки, кои доведоа до вештачки предизвикана глад, беа применети во Украина и во Кубан, кој беше дел од СССР. Според пописот од 1926 година, во Кубан живееле 1 милион 412 илјади Украинци – ова е 75% од тогашното население – со украински јазик и украински традиции и култура. Најголем број Украинци беа измачувани со глад во Харкивската, Кијивската, Полтавската, Сумската, Черкаската, Днипропетровската, Житомирската, Виницката, Чернигивската и Одеската област.

По престанокот на репресивните мерки за создавање на вештачки глад во втората половина на 1933 година, сталинистичкиот режим одлучи да ги насели изумрените украински села претежно со Руси.

Досега нема точен број на жртви од Гладоморот. Се работи за повеќемилионски жртви на криминалот на Кремљ. Од самиот почеток, раководството на Кремљ го криеше обемот на ова страшно злосторство – беше забрането да се наведе причината за смртта, а кога стапката на смртност го достигна својот врв – мртвите беа закопувани во масовни гробници, само во дворовите, без било каква регистрација.

Ви звучи познато?

Поминаа 90 години – и повторно гледаме масовни погребувања на измачени Украинци – Ирпин, Буча, Лиман, Изјум, Макарив – современите руски убијци на земјата-членка на Советот за безбедност на ОН се заразени од истата „болест“ како нивните предци – омраза кон Украинците.

Навистина, ова што го опишувате изгледа како да се работи за актуелната состојба, особено по руската агресија со големи размери против Украина. Но како дозна светот за Гладоморот во тоа време?

ЛАРИСА ДИР: Првите извештаи за бројот на жртвите на Гладоморот почнаа да се појавуваат во западниот печат, иако новинарите имаа многу ограничен пристап до тие територии. Информации доаѓаа и од странски дипломати кои во тоа време работеа во СССР.

На пример, во извештајот на Конзулатот на Германија во Кијив од 15 јануари 1934 година, беше забележано: „Состојбата на украинското прашање оваа година, исто така, може да се оцени само во контекст на масовен глад. Поради оваа катастрофа, за која народот ја смета за одговорна политиката на Москва, природно се продлабочи долгогодишната бездна меѓу Украинците, поборници на независноста, и централизмот на Москва.

Карактеристично за расположението на населението е прилично распространетото мислење дека советската влада намерно го засилила гладот ​​за да ги натера Украинците да паднат на колена. Во германската архива исто така постои и документ наречен „Дали Украина е украинска“, составен во мај 1936 година. Меѓу другото, во него се вели: „Украинската Украина беше уништена. Од повеќе од 30 милиони жители, според груби проценки, една петтина, односно 6 милиони луѓе, умреле од глад. Денес народот е толку слаб што нема да може да го издржи последниот удар на московскиот централизам…“

Во извештајот на Конзулатот на Италија во Харкив, во мај 1933 година, меѓу другото беше забележано дека „политиката на московската влада има за цел за неколку месеци да го елиминира украинскиот проблем со жртвување на 10 или 15 милиони души. И оваа бројка не треба да изгледа претерана… таа е веројатно достигната, а веројатно и надмината… сегашната катастрофа ќе предизвика колонизација на Украина од претежно руско население. Ова ќе ја промени нејзината етнографска природа“.

Вистината за Гладоморот ја откриваа, пред сè, британските и американските новинари – Герет Џонс, Малком Магериџ и Вилијам Хенри Чембрлен. Приказната за Герет Џонс, кој го ризикуваше својот живот со раскажување на вистината за масовното гладување, делумно е покажана во филмот „Цената на вистината“. Но, оној кој зборувал, пишувал, раскажувал за Гладоморот станувал мета на КГБ.

Дури и по отворањето на претходно затворените архиви, останува отворено прашањето за утврдување на бројот на жртвите од Гладоморот. Тешкотиите во пресметките не треба да доведат до политичка манипулација. Милиони и милиони луѓе беа мачени, изгладнети до смрт. За да се квалификува злосторството геноцид, останува клучна намерата да се уништи одредена група луѓе – во нашиот случај – луѓе кои припаѓале на украинската нација.

Од правен аспект, на кој начин се дефинира и третира Гладоморот 1932-1933 година во Украина како геноцид?

ЛАРИСА ДИР: Во 2006 година, Парламентот на Украина го усвои Законот на Украина „За Гладоморот од 1932-1933 година во Украина“, со кој Гладоморот од 1932-1933 година беше признаен како геноцид.

Во јануари 2010 година, Апелациониот суд на градот Кијив донесе уредба за кривична постапка за фактот на вршење геноцид во Украина во 1932-1933 година.

Судбоносен настан беше создавањето во 1984 година, врз основа на одлуката на Сенатот и Претставничкиот дом на САД, на Комисијата за Гладоморот во Украина од 1932-1933 година, чија работа беше предводена од д-р Џејмс Мејс. Комисијата собираше информации за Гладоморот, ги слушаше и запишуваше сведоштвата на оние кои успеаја да преживеат, ги анализираше причините и последиците од Гладоморот за Украина. По двегодишниот мандат, Комисијата ја заврши својата работа и во 1988 година поднесе извештај од две илјади страници, но исто така беа објавени и заклучоците на Комисијата.

Меѓу другото, во заклучоците стои и дека жртвите на украинскиот Гладомор броеја милиони луѓе. Понатаму, се констатира дека Гладоморот не беше, како што често се тврдеше, поради сушата. Комисијата заклучи и дека Гладоморот во Украина во 1932-1933 година беше резултат на максималната конфискација на земјоделските производи од селското население. Беа преземени мерки за да се спречи преселувањето на гладните во региони каде што беше достапна храна. Веќе на крајот на 1932 година, Сталин знаеше дека луѓето во Украина умираат од глад; Сталин и неговото опкружување извршија геноцид врз Украинците во 1932-1933 година.

Конвенцијата на ОН за спречување и казнување на злосторството геноцид од 1948 година ги вклучува во списокот како групите кои се предмет на геноцид, така и геноцидните акти насочени против овие групи: убивање членови на таква група; предизвикување сериозни телесни повреди или ментални нарушувања на членовите на таквата група; намерно создавање услови за живот за таква група кои се дизајнирани за нејзино целосно или делумно уништување; мерки наменети за целосно или делумно спречување на раѓање на деца во средината на таква група; присилно префрлање на деца од таква човечка група во друга.

Жртви на вештачки организираниот геноцид во Украина во 1932-1933 година беа Украинците токму поради нивната припадност на украинската нација. Гладоморот стана казнен геноцид за украинската национална преродба на сопствена територија. Оние кои го извршија Гладоморот од 1932-1933 година останаа неказнети.

Со организирање на вештачки глад, Сталин и неговиот апарат имаа за цел да ја истребат украинската национална група, како таква која дава најжесток отпор, со оглед на тоа дека не ги прифаќа политиките на комунистичкиот режим.

Гладоморот од 1932-1933 година во Украина на национално ниво беше признат како злосторство геноцид, постои правна основа – одлуката на Апелациониот суд во Кијив за осудување на сталинистичкиот тоталитарен режим како злосторен.

За Украина е важно светската јавност да ја препознае геноцидната природа на Гладоморот во Украина од 1932-1933 година.

Кои држави го признаа Гладоморот во Украина од 1932-1933 година како геноцид? И зошто е тоа важно за Украина?

ЛАРИСА ДИР: Украина високо ја цени поддршката на меѓународната заедница во осудата на Гладоморот 1932-1933 година во Украина.

На парламентарно ниво, Гладоморот беше признат како геноцид врз украинскиот народ од 16 земји во светот – Австралија, Грузија, Република Еквадор, Република Естонија, Канада, Република Колумбија, Република Латвија, Република Литванија, Обединети Мексикански Држави, Република Парагвај, Република Перу, Република Португалија, Република Полска, САД, Унгарија и Чешката Република; исто така признание има на регионално и општинско ниво во 9 земји – Австралија, Аргентина, Бразил, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Кралството Шпанија, Италијанската Република, Канада, Португалската Република и САД.

Тоа е важно, затоа што геноцидот на украинската нација сега го продолжува државата агресор-терорист РФ.

Професорот од Универзитетот Јејл, Тимоти Снајдер, во својот неодамнешен говор (21 октомври 2022 година) на конференцијата во Берлин  „Меѓународното право против геноцидот“, изрази шест знаци кои докажуваат намера за вршење на геноцид: 1) опишување на државата како „не-држава“; 2) за уништување на одредена општествена група, да се нарекува народот не-народ, нацијата не-нација; 3) негирање на фактот дека ова лице е човечко суштество; 4) луѓето го негираат претходниот геноцид; 5) спроведување на таканаречената „замена“ – кога една нација смета дека може да дојде и да ја земе територијата на друга нација. Професорот Т. Снајдер го нарече шестиот знак „показател за постмодерност“ – кога другите луѓе гледаат толку многу докази за злосторството геноцид што се сомневаат дека тоа е геноцид.

На кој начин продолжува оваа руска државна стратегија? Дали руската агресија е нов обид да се изврши геноцид против украинската нација?

ЛАРИСА ДИР: Во оваа војна, целта на РФ е уништување на украинскиот народ. Сите јавни изјави на претседателот на РФ и функционерите на оваа држава сведочат за политиката на државата-агресор Русија во однос на непризнавањето на правото на украинскиот народ на самоидентификација и самоопределување.

Вооружените сили на РФ го уништуваат цивилното население на Украина, убивајќи, мачејќи, нанесувајќи тешки телесни повреди, а исто така, тие вршат и насилно пренесување на украински деца во РФ.

Се случува намерно уништување на живеалишта, болници, училишта, енергетска цивилна инфраструктура. Се случува блокада на украинските градови од страна на руските окупаторски сили.

Физичко, психичко насилство, уништување – дејствија на РФ кои се насочени кон истребување на Украинците.

Сето ова во целина е геноцид на РФ врз украинскиот народ.

За казнување на сите овие злосторства, Украина всушност се обрати до државите да се приклучат кон создавање на Специјален Меѓународен Трибунал. За ова ќе биде потребно извесно време, но државите веќе можат да ги признаат постапките на РФ како геноцид.

Овие злосторства на РФ се толку многубројни што луѓето не можат а да не ги видат, можат само да се свртат на страна за да не им предизвика неизмерна болка.

ЦИВИЛ МЕДИА


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ