• Latest

Глигоров: Не 300, туку 500 евра може да биде минимална плата во приватниот сектор

February 8, 2022
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Глигоров: Не 300, туку 500 евра може да биде минимална плата во приватниот сектор

February 8, 2022 13:57
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Сопственикот на компанијата „Логин системи“, која успешно функционира од 1991 година и поранешен претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, Венко Глигоров, вели дека минимална плата во приватниот сектор може да биде и 500 евра, доколку се исполнат неколку предуслови, пренесува инфо7ЊУЗ.

500 евра минимална плата во приватниот сектор е заедничка остварлива работа

-За да биде платата достоинствена и да може да се покријат месечните трошоци на живеење, минамалната плата треба да биде најмалку 500 евра. Зошто? Речиси сите производи од кои зависи живеачката се диктирани од странство каде платите се многу поголеми.

Дали минимална плата од 500 евра е можно? Секако дека е ДА, ако сите инволвирани страни се согласат да „одвојат“ дел од себе.

За да биде моделот поразбирлив и со заокружени цифри, ќе земам дека минималната плата е 500 евра, а досегашната минимална плата е 200 евра (впрочем минималната плата беше ионака 200 евра пред да се почне со политичко билдање на платата).

Значи, работодавачите да го одврзат ќесето за 100 евра, а државата и синдикатите да го одврзат за – 200 евра. Резултат: 200 + 100 + 200 = 500, така? Како?

Обрски на дрѓавата и политичарита

Обврските на државата и политичарите ги сведувам на три главни кои може да се искомбинираат за да се добијат прифатливи работи за државата:

Солидаризирање на давачките до 500 евра. За да може бизнисите да издвојат екстра пари за вработените, државата треба да се „солидаризира“ и да каже: од 500 евра плата, давачки и придонеси ќе бидат пресметувани на само 200 евра, а за рестото до 500 евра (што е „вештачко“ покачување), да нема никакви давачки.

Или, до 300 евра нула давачки, од 300 евра до 500 евра да бидат давачките преполовени, а од 500 евра нагоре – да бидат давачките целосни. Ова да важи за сите вработени во приватниот сектор, независно од нивната сегашна висина на платите.

Kopупцијата во буџетот да се сведе на половина. Да земеме во предвид износот од 1милијарда евра кои се „однесени“ од корупцијата секоја година, тоа го тврдеше СДС пред да дојде на власт, како и фактот дека се подигна буџетот за 1 милијарда без да има нешто видливо во однос на инвестиции и/или подобрена услуга на државата.

Овие 1 милјарда евра ако се сведат на половина се 500.000.000 евра и поделат на 400.000 вработени = цирка 1200 евра „заштеда“ за приватниот сектор. Државата може комотно да „донира“ 100 евра месечно за секоја покачена плата од 200 на 500.

Замрзнување на платите во администрацијата и нови вработувања преку агенции и со договори на дело

Мерките за зголемување на платите во приватниот сектор не смеат да се однесуваат на платите во државниот сектор линеарно, туку да се корегира нивната структура, при што фондот за плати не смее да го надминува сегашниот фонд.

Што би се рекло, да се покачат платите во здравството, школството, а да се намалат кај стотици агенции кои ионака на знаат што работат.

Воедно владата да се обврзе дека ќе започне три годишен проект на скалесто отпуштање и преквалифукување на вработените од државната администрација за да се дојде до некоја цифра од минус 30% намалена администрација.

Што би „дал“ синдикатот

Синдикатите се организации кои ми се чини го „дерат“ обичниот вработен. Што добива работникот од кој му се одвојува членарина за синдикат? Се слуша дека синдикатите се превработени, располагаат со имоти и удобства, а за возврат само нешто бараат, а скоро ништо не даваат.

За да може да се спроведе целта од 500 евра, која патем синдикатите сакаат да ја постигнат со уцени, истите може да се согласат на:

Преку 50% од членарината, наместо за плати на нивната администрација, да се употреби за фондови за едукација и преквалификација на вработените од непросперитетните индустрии и гранки.

Државата да им го ограничи и нормира бројот на нивните вработени. На пример, на секои 50.000 членови, да имаат максимално 5 вработени во синдикат. Точните бројки може да се утврдат откако ќе се направи „длабинско снимање“ на нивната структура на вработени

Кога секој споделува, успехот е загарантиран

Моменталната ситуација е губитничка за приватниот сектор, и целиот товар паѓа на приватниот сектор. Отприлика, синдикатот и државата ги стиснуваат и уценуваат работодавачите за да им се зголеми платата на вработените.

Без притоа другите да понудат поволности или нивни откажувања од нешто. Тоа не се здрави преговори затоа што: Две „силни“ страни бараат од трета страна да се согласни на сопствена штета. Оваа ситуација не е добра ни за самите вработени.

Моделот што го откривам погоре и бара доразработка/допрецизирување, е поуспешен и подобар за сите затоа што сите се откажуваат или нудат нешто – за општо добро на сите.

Познато е дека е тешко изводливо, кај се видело политичар или синдикалец да се „откаже“ од нешто, но не е и неизводливо затоа што ако не се направи – ќе биде уште потешко за сите нас.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ