• Latest

Генерали во две редици збор

February 17, 2018
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Генерали во две редици збор

February 17, 2018 10:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Животот во мал град ме оддалечи од лицата со кои некогаш сум работел, но  пред некој ден додека бев во Скопје се сретнав со многу поранешни колеги. Посебно ме изненади средбата со генералот со кој никогаш не сме работеле во иста единица, но сме соработувале. Се сретнавме сосема случајно. Таквите средби секогаш се најдобри.

Пишува: Велин Стојановски

Генералот имал обврски во Генералштабот, а и јас имав свои обврски, но сепак, седнавме во блиското кафуле на кафе и муабет. До послужувањето со кафе си направивме вообичаен муабет за здравјето и семејствата.

Потоа генералот ме погледна загадочно и кажа како пред некој ден сакал да ми се јави да ми каже за сонот и кошмарот што го имал во текот на ноќта. Но, ете, има можност да ми го раскаже сега. Започна со тоа како сонот бил кошмарен, полн со нервоза, недоразбирања, строева обука и средби со луѓе со кои секојдневно работи, а како да не се познаваат.

Сонот на генералот.

Го слушав генералот како раскажува: „Сонот започна сосема случајно како и секој сон. Наводно, седам во канцеларија и одеднаш ми ѕвони телефонот, со мака го земам и едвај успеав да прочитам на екранот: Началник на генералштабот. После неколку неуспешни обиди некако успеав да го притиснам копчето со слушалка на него и слушам наредба да појдам во касарната „Чојлија“. Врската брзо се прекина, а кошмарот започна.“

Слушајќи го генералот брзо сфатив зошто сакал да го сподели сонот со мене.

„Брзо се подготвив и истрчав од канцеларијата, на возачот му наредив да вози кон касарната „Чојлија“. Од возилото се обидов да се слушнам со некој од единиците што се таму, да ми каже што се случува, но никако да најдам број и ме фати нервоза, но тоа беше само почеток. Во селото Петровец, на сред патот стои еден млад господин покрај кој не можевме да поминеме. Отворив прозор да го замолам да поминеме оти брзаме во касарната „Чојлија“, но наместо да нѐ пушти тој почна да објаснува. Касарната во село Ќојлија за време на ЈНА ја викаа „Чојлија“, знаеш, ние сега си имаме нов градоначалник и сака да се прави разлика помеѓу тогашното изговарање на името на нашето село како Чојлија и вистинското име Ќојлија. Му велам во ред тоа ќе се реши но сега пушти ме да поминам.“

„Само што нѐ пропушти, ве гледам и вас, на сред патот и ми мавтате со некоја црвена книга. Застанав да ве поздравам кога вие ми објаснувате дека Чојлија одамна не треба да се вика така и ми кажавте некое ново име за касарната. Во тој момент ми стига порака на телефонот сепак да појдам во касарната „Илинден“, вие нешто ми кажувавте да му пренесам на Началникот, но како да не ве слушнав, јурнавме назад кон Илинден.“

Толкување на сонот.

Му кажав дека не се бавам со ониромантија да го  толкувам сонот но мене сигурно ме сонувал затоа што имал прилика да го прочита мојот предлог за промена на името на касарната „Чојлија“ нешто што го пишував додека работев. Се согласи дека е можно тоа, а јас го потсетив дека согласно точка 13 од Правилото за сместување и ред во АРМ за назив на касарна се употребува име и презиме на истакната личност од историското минато на Р. Македонија.

Јас предлагав оваа точка да се промени и после зборовите истакнати личности да се додаде зборот и настани од историското минато, со што касарната „Илинден“ би имала име во склад со правилото. За касарната „Чојлија“ дадов шест предлога со образложение.

Никола Карев, илинденец, по кој не е именувана ниту една касарна во АРМ.

Синиша Стоилов, капетан тенкиста, кој загина во конфликтот 2001 година.

Синиша Стоилов и Фејзо Џеладиновски, тенкисти кои загинаа 2001 година.

Ламбе Михајловски, генерал во ЈНА, тенкиста кој ја градел касарната во с. Ќојлија, каде постојано биле сместувани тенковски единици.

Јанаќије Манасиевски, генерал тенкиста, кој даде придонес во формирањето на АРМ.

Панде Петрески, генерал тенкиста, кој во 2001 година беше ранет.

За жал, му велам, предлогот остана во нечија фиока без да стаса до министерот за одбрана, кој согласно истата точка од правилото ги пропишува називите на касарните.

Генералот ме сослуша внимателно, се извини што таков предлог не стасал до него, ама слушнал дека имало иницијатива. Потоа продолжи да го раскажува сонот понатаму.

Невозможна мисија.

„Кошмарот продолжи и во касарната „Илинден“, само што излегов од возилото, слушам команди за постројување во двореден строј, војниците трчаат, се буткаат и никако да заземат правилен распоред. Сите генерали во АРМ, вклучувајќи го и НГШ, коментираа и нешто ме прашуваа во врска со постројувањето од сето тоа  сфатив само дека војниците не го разбирале строевото правило. Предложив ние да пробаме и да им покажеме на војниците како треба да се постројуваат.  Началникот на ГШ издаде команда ГЕНЕРАЛИ ВО ДВЕ РЕДИЦИ –ЗБОР! По што почнавме и ние да се буткаме кој на кого да погледа во тилот и никако не можевме да се построиме. Повторно од некаде се створивте вие со црвената книшка и ни прочитавте нешто по што се пробудив и се прашував што сон беше, да не се повтори“ заврши генералот.

Се насмевнав и му кажав дека тоа црвената книга сигурно било Строевото правило и сум ја читал точка 5 во која од самото издавање постои грешка и пишува дека двореден строј-поредок е распоред на единиците во кој воениот персонал е распореден во два реда така што воениот персонал од првиот ред се наоѓа в тил на воениот персонал од вториот ред на пропишаните отстојанија и растојанија. Така, војниците се во право – не може тој што е во првиот ред да биде во тил на тој од вториот ред, туку треба обратно да пишува: тие од вториот ред се во тил на тие од првиот.

Додека ја плаќаше сметката, генералот вети дека ќе ги провери податоците што ги цитирав од правилата и – ако е точно така како што тврдам и по толку време од пензионирањето спомнувам точки од правилата – следниот пат ќе честел. Нормално, се обложив во кока-кола.

Неполни два часа подоцна, ми се јави и кажа дека ќе си плати кока-кола. Е, ќе платиш генерале, не само кока-кола, туку и десетка со кромид, па нели добивте зголемување на платата.

Секако, се согласи и на следното мое доаѓање во Скопје, тој плаќа десетка. Дотогаш, верувам, генералите ќе седнат да ги прочитаат правилата и ќе се направат одредени измени на истите, оти дисциплината во секоја војска почива на почитување на правилата или стандардните процедури кои, пак, мора да бидат јасни и разбирливи за секој поединец, без разлика на чинот.

Текстот, ако стаса до Министерката за одбрана да побара предлози, а може да избере еден од погоре спомнатите и да го смени називот на касарната „Чојлија“.

Авторот е магистер по национална безбедносна стратегија и полковник во пензија.

 

Tags: АРМгенераликасарнаМинистерство за одбранаправилаЧојлија
Share119Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ