Државната комисија за спречување на корупцијата 23 седница по ред ја закажа за утре, 1 ноември, со почеток во 12 часот, во просториите на Државната комисија за спречување на корупцијата.
На дневен ред на седницата на ДКСК се усвојување на Записник од 22-ра седница на ДКСК, информација во врска со реализирање на процедура за планирање, следење и извршување на буџетот за септември, измена на Годишен план за проверка на имотната состојба и интереси, констатирање на состојба на судир на интереси од редовната проверка на изјавите на интереси за 2017 година, постапување по предмети од областа на спречување на корупцијата и постапување по предмети за можен судир на интереси.