• Latest

Годишниот извештај на КСЗД за ланската година на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

June 4, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Годишниот извештај на КСЗД за ланската година на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

June 4, 2025 09:46
in ВЕСТИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска седница ќе одржи Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, на чиј дневен ред е Годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година.

Во Извештајот на КСЗД се посочува дека во текот на 2024 година, Комисијата работела на вкупно 485 предмети за заштита од дискриминација, од кои 407 нови отворени од ланската година и 78 предмети пренесени од претходната година. Од новите 407 предмети, 405 се претставки поднесени од граѓани и организации, а останатите два се постапки кои КСЗД ги поведе по службена должност.

Најголем број претставки, како што се наведува во Извештајот, биле поднесени за заштита од дискриминација врз основа на национална или етничка припадност – 27 проценти, а потоа следат друга основа, друго уверување, лично својство и општествен статус, политичко уверување, образование и пол, а во помал број и врз останатите основи на дискриминација. Жените почесто од мажите пријавиле дискриминација врз основите пол, род, образование, возраст и семејна или брачна состојба, додека мажите почесто од жените поднеле претставки за заштита од дискриминација врз основите боја на кожа, потекло, сексуална ориентација, припадност на маргинализирана група, државјанство и попреченост. Во поглед на областите, најмногу претставки биле поднесени за заштита од дискриминација во областа на работата и работните односи (39%), а добивме пријави и во областите членување и дејствување во синдикални и други организации, потоа јавно информирање и медиуми, образование, наука и спорт и други, пристап до добра и услуги, правосудство и управа и во други области.

Комисијата во 2024 година одржала 24 седници на кои биле донесоа 316 одлуки по предмети за заштита од дискриминација, од кои, 48 проценто биле мислења по спроведена постапка за утврдување на дискриминација, а 52 проценти заклучоци за отфрлање на претставка, односно за непостапување или запирање на постапката. Најмногу од претставките за кои не можело да се спроведе постапка, биле отфрлени заради неуредност на поднесокот или затоа што КСЗД немаше законска надлежност да постапува. Независно што не се поведе постапка за утврдување на дискриминација, Комисијата во сите овие случаи, на подносителите им даваше информации и насоки за начинот и јавниот орган до кој треба да се обратат заради остварување на нивните права. Од предметите за кои КСЗД донесе мислење по спроведена постапка за утврдување на дискриминација, во 56 случаи или 37 проценти се утврди дискриминација, а во 96 случаи или 63 проценти не се утврди дискриминација.

Најчеста утврдена основа за дискриминација во мислењата на Комисијата во 2024 година, е националната или етничката припадност, а потоа следат основите лично својство и општествен статус, членување и дејствување во синдикална организација, род, родов идентитет, сексуална ориентација, политичко уверување, попреченост и други основи. Исто како и во претходната година, најчесто место на сторена дискриминација е во институциите на јавниот сектор (37 случаи или 66 проценти), а утврдени се и случаи во приватниот сектор (9 случаи или 16 проценти), како и на социјалните мрежи и медиумите (10 случаи или 18 проценти). Во однос на областите, најмногу утврдени случаи биле во работата и работните односи, образованието, науката и спортот и јавното информирање и медиуми, а потоа правосудство и управа, пристап до добра и услуги и во други области.

-Дел од утврдените случаи за кои се цени дека имаат поголем импакт или се однесуваат на системски проблем кој предизвикува дискриминација или може да стави во дискриминирана положба поголема група лица, КСЗД дополнително ги презентира на своите јавни настапи, потоа во посебни тематски извештаи, објавување на соопштенија и изјави. Тие ни даваат увид во состојбите, откривање на негативни јавни практики и трендови, но служат и за едукација на граѓаните, како и препознавање на слични ситуации во кои се нашле, со цел и поттикнување и охрабрување, истите да ги пријават во Комисијата, се посочува во Годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ