• Latest

Големи пожари низ речиси цел Балкан, Русија, ЈИЕ

August 6, 2021
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Големи пожари низ речиси цел Балкан, Русија, ЈИЕ

August 6, 2021 11:11
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Смртоносни пожари во делови од Југоисточна Европа, Русија, Грција и Турција предизвикаа екстремно високите летни температури и силниот ветер, со штети од стотици милиони долари и евакуација на илјадници луѓе.

Преоптоварените руски служби за итни случаи добија дополнителна помош од војската во борбата против разорните шумски пожари на истокот од земјата. Руското Министерство за одбрана соопшти дека дополнителна техничка опрема ќе биде доставена до изолираната сибирска република Саха, позната и како Јакутија. Властите велат дека 173 пожари се уште беснеат во регионот и дека ситуацијата е исклучително тешка. Повеќе од 2.500 припадници на итните служби се обидуваат да спречат ширење на пожарите.

Топлотниот бран низ јужна Европа, поттикнат од топол воздух од Северна Африка, предизвика пожари од турскиот медитерански брег до Балканот.

Во Атина, покриена со чад и пепел, беа измерени 465 микрограми гареж на метар кубен, а европските стандарди дозволуваат максимум 50. Нема струја во некои делови од градот, бидејќи пожар  урна далекуводи за пренос на електрична енергија. Грчките власти наредија нова евакуација на островот Евбеја, во близина на Атина, а пожарникарите успеаја да го изгаснат пожарот во близина на местото на древните Олимписки игри, во западниот дел на Пелопонез, додека земјата три дена се бори со огнената стихија. Температурите од над 40 Целзиусови степени и силниот ветер во различни делови на земјата во последните денови предизвикаа повеќе од 150 пожари. Од вторникот на островот Евбеја, во неспоредна близина на Атина, се евакуирани неколку села.  Повеќе од 170 пожарникари и шест авиони го гаснат пожарот во таа област. Две села во регионот на Пелопонез завчера беа евакуирани, бидејќи во близина на археолошкиот локалитет на античките Олимписки игри беснее пожар.

Грчките власти наложија нова евакуација на жителите во селата во северниот дел на островот Евија, кои се опкружени со големи пожари, а  повредени се тројца пожарникари. Жителите и туристите во Кулурос, Марулија, Ровиес и Палаиохори мора да ги напуштат своите домови како мерка на претпазливост на вториот по големина грчки остров. Пожарникари, авиони за гаснење пожари, општински екипи и волонтери се обидуваат да го локализираат огнот кој избувна во шумата кај селото Лимни и се чинеше дека има подобрување во гаснењето на пожарот, се додека промената на правецот на ветрот повторно го запали огнот и се прошири во различни насоки. Ситуацијата е особено опасна во областа Дримонас, каде група монаси не сакаат да го напуштат манастирот „Свети Давид“, иако објектот е опкружен со оган. – Ситуацијата е многу тешка. Пламенот е висок 30 до 40 метри во борова шума, огнот го опколи манастирот. Се задушуваме од чадот, ова е кошмар, изјави манастирскиот старешина за државната новинска агенција АНА-МПА.

Во текот на изминатите седум дена, 132 катастрофални пожари беснееја во јужните и другите делови на Турција, при што загинаа осум лица, а изгореа најмалку 118.789 хектари земја. Турција се бори со најтешките шумски пожари во својата историја, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган, кога пожарот во област во југозападниот дел на земјата се прошири кон термоелектрана. – Пожарите што се случија оваа година никогаш не се случиле во нашата историја. Ова се досега најголемите пожари, рече Ердоган во телевизиско интервју. Поради високите температури и силните ветрови, пожарите принудија илјадници Турци и странски туристи да ги напуштат своите домови и хотели на брегот на Егејското Море и Медитеранот. Осум лица го загубија животот во пожарите од минатата недела. Авиони и десетици хеликоптери им се придружија на пожарникарите кои се борат со огнот на терен, но владата на Ердоган се соочи со критики за брзината на одговорот. Повеќе од една недела откако избија првите пожари, 16 од нив се уште се активни.

Пожарот во близина на Трогир во Хрватска влезе во трет ден, и притоа изгореа околу 1.600 хектари ниска вегетација. Два Канадера се вклучија во гаснењето на најголемиот пожар на брегот во последните четири години. Во текот на ноќта на терен имало 106 пожарникари со 37 возила. Засега пожарот не ги загрозува луѓето и објектите, а се проценува дека, иако изгоре голема површина, материјалната штета од пожарот нема да биде голема бидејќи главно е тешко пристапен и ненаселен терен.

Ненадејниот и пороен дожд најмногу помогна во гаснењето на серијата пожари во Херцеговина, а се уште има активен пожар во близина на Неум, што им се заканува на семејните домови бидејќи таму воопшто не заврна дожд. Како што беше потврдено од Цивилната заштита на округот Херцеговачко-Неретванската жупанија, два пожара се активни во таа област. Поројните дождови помогнаа да се изгаснат десетици други пожари што беа активни во изминатите денови.

Шумски пожар избувна во Србија во реонот на општина Чајетина, зафатена е површина од околу 50 хектари зимзелени шуми и растенија, а пожарот на Златибор беше локализиран доцна попладнето. Пожари имаше во Заовине, во Вренеши на Кокин Брод, а повторно се активираше пожарот под врвот Столац на босанската страна на планината Тара.

Едно лице загина во пожар во Ново село, на околу 50 километри од Приштина, како последица од густиот чад, соопшти косовската полиција. Жртвата била пренесена в болница без знаци на живот. Во Косово се активни уште четири пожари од вкупно 50, колку што биле кон крајот на минатата недела.  Пожарите се активни во регионот на Сува Река, Призрен, Националниот парк Проклетије и Јањево, општина Липљан.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ