• Latest

Голоб: Словенија стои цврсто на ставот дека сегашниот процес на преговори не смее да запре со внесување дополнителни билатерални прашања

April 3, 2023

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Голоб: Словенија стои цврсто на ставот дека сегашниот процес на преговори не смее да запре со внесување дополнителни билатерални прашања

April 3, 2023 14:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на евроинтеграција на Северна Македонија не смее да запре и и верувам дека ќе преовлада разумот кај сите политички субјекти во државата и тие ќе го разберат историското значење на овој момент, порача словенечкиот премиер Роберт Голоб на денешната заедничка прес-конференција во Љубљана со неговиот македонски колега Димитар Ковачевски.

Како што јави известувачот на МИА од Љубљана, Голоб посочи дека промената на Уставот е тежок процес, кој мора да се случи, како и дека станува за историска можност која нема врска со партиска припадност, но потенцира дека евроинтегративниот процес на Северна Македонија не смее да запре со внесување на дополнителни билатерални прашања во агендата.

Верувам дека тоа е тешка задача, но се надевам дека ќе преовлада разумот во Северна Македонија кај сите политички субјекти и дека тие ќе го разберат историското знаење на овој момент и дека овој процес мора да биде завршен што побрзо како што е предвидено. Се работи за историска можност која нема врска со партиска припадност, туку има врска со иднината на целиот македонски народ. И затоа сметам дека партиите тоа мора да го имаат предвид. Словенија на кој било начин ако може да помогне, дали со дијалог или со презентација, тоа ќе го направи, рече Голоб.

Ние, додаде тој, ќе стоиме цврсто на ставот дека сегашниот процес на преговори не смее да запре со внесување дополнителни билатерални прашања во агендата.

-Ќе инсистираме да одиме понатаму со оние процеси кои веќе беа договорени со промената на Уставот и дека не смее да се внесуваат од друга страна никакви дополнителни барања во процесот на продолжување на преговори. Овој аспект е многу значаен бидејќи, за жал, се покажа дека соседите, и ние имавме такво искуство, се обидуваат да добијат нешто повеќе од државата и тука ќе стоиме на овој став, рече словенечкиот премиер.

Тој изрази надеж дека до крајот на ноември ќе се исполнат сите услови и дека во декември ќе биде констатирано дека Северна Македонија ги исполнила сите услови од договорот.

Северна Македонија, како што рече, е еден од позначајните фактори на стабилност во Западен Балкан и единствениот начин на стабилизација на регионот е неговото приклучување кон Европската Унија.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека граѓаните во Северна Македонија ја препознаваат својата улога во регионалениот и европскиот контекст.

– Силно верувам дека ќе останеме посветени и успешно ќе чекориме на европскиот пат иако некои внатрешни и надворешни сили можеби го посакуваат тоа. Поддршката на Словенија на нашиот пат кон ЕУ не е само декларативна туку конкретна и практична, рече Ковачевски.

Посочи дека Северна Македонија е пример како се решаваат билатералните отворени прашања и дека во изминатиот период ги има затворени сите отворени прашања со соседите.

Двајцата премиери претходно потпишаа заедничка декларација за зајакнување на соработката меѓу двете држави. Договорија зајакнување на билатералната соработка преку редовен политички дијалог и одржување на меѓувладина седница, која доколку е можно, би се одржала во текот на оваа година.

Договорено е и продлабочување на економската соработка, која е оценето дека е на солидно ниво, но дека има потенцијал за унапредување во делот на телекомуникациите, производството на органска храна, енергетиката, туризмот и дигитализацијата.

Двете земји ќе тежнеат трговската размена да дојде на ниво од околу 500 милиони евра. Статистичките податоци покажуваат дека Словенија е на петто место по директните странки инвестиции во Северна Македонија. Во земјава работат над 40 словенечки компании кои вработуваат над 2.500 лица.      Попладнево, премиерот Ковачевски ќе се сретне и со претседателката на Словенија и со вицепремиерката и министерка за надворешни работи.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГолобЕУКовачевскиСеверна МакедонијаСловенија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ