• Latest

Голубовска: Власта е сè уште хибридна

March 30, 2018

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Голубовска: Власта е сè уште хибридна

March 30, 2018 12:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Ќе ги спомнам претставниците од Влада и од Собранието кои се исклучителни важни како дел од овој концепт на демократија, правда и човекови права. Поминавме доста време, можеби околу седум години, активно обидувајќи се да градиме една политичка култура на отпор кон било какви политики на корупција, непотизам, нетранспарентно работење, криминал, кој што доаѓа од страна на извршната, законодавната или судската власт, па дури и во економската област“, истакна активистката Јасмина Голубовска на конференцијата „Граѓанска повелба – Глобална рамка за учество на граѓаните“, на ЦИВИЛ.

Овие општествени феномени не му даваат на едно општество да заживее врз вистински демократски принципи, а наспроти тоа гради и ги спојува оние кои се научени или приучени форми на политичко уредување коешто е во директен судир, односно е во еден вид на хибрид, што значи едно приучено навидум неинформирано, неедуцирано раководство во она што значи демократија, особено парламентарна демоктратија.

„Една година потоа не можам да видам некои промени во надминување на поранешните состојби кои се длабоко вкоренети. Мојата магистратура која беше во 2009 година на тема дека Македонија и Албанија во суштина се хибридни системи кои продуцираат голем степен на недемократија, авториритарно однесување во самиот политички систем за контрола на населението и ресурсите кои се природно стекнати. Денеска не гледам некои сериозни обиди за промена на таков вид на политики, односно повторно се соочуваме со носење на површни политики коишто формално-правно задоволуваат можеби нечиј интерес, на некоја помала или поголема група, меѓутоа како општество во целина не ги земаат во предвид интересите на сите“, додаде Голубовска.

Таа потенцираше дека градењето на однос не е градење на однос на кликови, или на објава на документи кои можеби некој ќе ги види а можеби и нема. Директен однос и градење, значи директен пристап и комуникација со граѓаните за да може да се вклучат сите групи.

„Пример, ги повикувате граѓанските организации да формирате совет, но не ги повикувате неформалните групи. Сеграгацијата веднаш се јавува помеѓу оние кои имаат директна комуникација со владата и тие што немаат.

Позитивно во овој период е реформата на влада која што следи, дека ќе биде базирана на вистинити информации со добра анализа претходно направена и дека навистина ќе донесе промени, односно луѓе на позиција коишто ќе може да се носат со потешкотиите, бидејќи имаат многу работа од она што го наследиле. Ни требаат посветени луѓе, ангажирани со чиста мисла и визија и интерес да не видат сите заедно во едно подобро општество и иднина“, истакна Голубовска.

Дехран Муратов

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ермин Климента

Фотографија: Биљана Јордановска

Tags: Граѓанска повелбаЈасмина ГолубовскаМакедонијахибридна власт
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ