• Latest
Снимката која наводно покажува пожар во складиште за нафта во селото Осенци во Пермскиот крај, Русија, во текот на ноќта на 4 октомври 2024 година.. Фото: Телеграм

Горат две депоа за нафта во Русија, украинскиот Генералштаб го потврди нападот врз складиштето во рускиот регион Воронеж

October 4, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Горат две депоа за нафта во Русија, украинскиот Генералштаб го потврди нападот врз складиштето во рускиот регион Воронеж

October 4, 2024 12:11
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Снимката која наводно покажува пожар во складиште за нафта во селото Осенци во Пермскиот крај, Русија, во текот на ноќта на 4 октомври 2024 година.. Фото: Телеграм

Снимката која наводно покажува пожар во складиште за нафта во селото Осенци во Пермскиот крај, Русија, во текот на ноќта на 4 октомври 2024 година.. Фото: Телеграм

Share on FacebookShare on Twitter

Во раните утрински часови на 4 октомври, складиште за нафта во рускиот регион Воронеж се запали по напад со дрон, додека друго складиште за нафта во регионот Перм исто така изгоре, иако причината за тој пожар не е пријавена.Како што пренесува Укринформ, украинскиот Генералштаб во објава на Фејсбук потврди дека одбранбените сили нападнале складиште за гориво во рускиот регион Воронеж ноќта на 4 октомври. Целта беше складиштето за гориво „Ананефт“, лоцирано во близина на селото Ана во регионот Воронеж.

„Во текот на ноќта беше извршен удар на складиштето за гориво „Ананефтпродукт“ во близина на селото Ана во Воронежската област на Руската Федерација“, се вели во објавата.

За нападите известија Nastoyashchee Vremya и Телеграм каналот Astra.

Астра, повикувајќи се на локални жители, објави дека на мета било магацинот за нафта „Ананфтопродукт“ во населбата Ана.

Во меѓувреме, во регионот Перм, во текот на ноќта се запали приватно складиште за нафта за складирање на нафтени деривати во индустриската зона во селото Осенци, кој зафати површина од 10.000 метри квадратни. Причината за пожарот не е пријавена. Над 60 специјалисти и 19 единици опрема работеа на гаснење на пожарот, без жртви, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации (МЧС). Оттогаш пожарот е изгаснат.

Во областа беа активирани руските системи за противвоздушна одбрана.

Според Генералштабот, погоден е најмалку еден од вертикалните резеровари во објектот по што избувнал пожар. Не е прецизирано какво оружје е употребено во нападот.

Операцијата беше спроведена од Службата за безбедност на Украина (СБУ) во координација со другите одбранбени сили. Се прецизираат дополнителни детали за штетата.

Според руското Министерство за одбрана, нејзината воздушна одбрана соборила шест украински беспилотни летала над Воронежската област, шест над Белгородската област, еден над Ростовската област и еден над Азовското Море, пренесува Кијив Индипендент.

Александар Гусев, гувернер на Воронежската област, тврди дека празен резервоар во складиште за нафта бил погоден за време на нападот со беспилотно летало, а подоцна бил изгаснат.

Пожар од големи размери избувна и во складиште за нафта во селото Осенци во Пермскиот крај. Рускиот Пермски крај се наоѓа на околу 1.800 километри североисточно од Украина.

Пожарот зафатил резервоари со гориво и се проширил на 10.000 квадратни метри, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Нема информации за жртви во двата региона. Кијив Индипендент не можеше да ги потврди тврдењата на Русија.

Во последниве месеци, украинските сили започнаа серија напади со беспилотни летала со цел да ја оштетат руската нафтена индустрија, чиј профит ги поттикнува воените напори на Москва.

Ноќта на 3 октомври, украински беспилотни летала го погодија воениот аеродром Борисоглебск во рускиот регион Воронеж.

Драган Мишев

Tags: нападнати складишта за нгориво во Русијаукраински Генералштабукраински напади со дронови на руска територија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ