• Latest
Елизабета Ѓорѓиевска на конференција, извор: ФБ профил на Ѓорѓиевска

Ѓоргиевска: Едукацијата клучна за спречување стигматизација и дискриминација на ХИВ-позитивните

December 1, 2021
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Ѓоргиевска: Едукацијата клучна за спречување стигматизација и дискриминација на ХИВ-позитивните

December 1, 2021 18:46
in ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Елизабета Ѓорѓиевска на конференција, извор: ФБ профил на Ѓорѓиевска

Елизабета Ѓорѓиевска на конференција, извор: ФБ профил на Ѓорѓиевска

Share on FacebookShare on Twitter

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, денеска учествуваше на панел дискусијата „Денес со ХИВ се живее“, по повод одбележувањето на 1 Декември – Светски ден за борба против СИДА, соопштија од кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски.

На панелот се дискутираше за успешното партнерство на институциите и граѓанскиот сектор во справувањето со ХИВ инфекцијата, сервисите за ХИВ тестирање на граѓанските организации, важноста од навременото тестирање, клучните параметри околу епидемиолошката состојба и трендовите на ХИВ-инфекцијата во Северна Македонија, а воедно беа презентирани и сведоштва од пациенти.

Ѓоргиевска изрази поддршка до сите наши сограѓани кои живеат со ХИВ, до нивните пошироки семејства и до сите институции и организации кои се грижат за лицата со ХИВ/СИДА.

Сопругата на претседателот посочи дека во услови на оваа продолжена пандемија на Ковид-19, овие дискусии и размена на искуства се одлична можност да се запознаеме со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат институциите, како и лицата со ХИВ позитивен статус.

Во своето обраќање, Ѓоргиевска се осврна на дискриминацијата и стигмата со која се соочуваат лицата со ХИВ во остварувањето на своите права од областа на здравствената и социјална заштита, како и предрасудите од страна на заедницата.

– Клучниот момент во спречување на дискриминацијата и стигматизацијата е едукацијата и поттикнувањето на свеста од најмали нозе. Најважно е да ги научиме децата на правилни навики и сваќања, порача Ѓоргиевска.

Посочувајќи дека ова е глобално здравствено прашање и дека приближно 38 милиони лица во светот живеат со ХИВ/СИДА, Ѓоргиевска истакна дека во нашата земја е постигнат исклучителен напредок во справувањето со ХИВ/СИДА. Во однос на статистиката дека бројот на новоинфицирани лица бележи пад, таа изрази надеж дека тој надолен тренд ќе продолжи и во наредните години.

– Јас се надевам дека до крајот на 2030 година, ќе успееме да ги исполниме оние глобално зацртани цели, а тоа е да имаме нула нови случаи инфицирани со ХИВ во нашата земја“, порача сопругата на Претседателот Пендаровски.

Потенцирајќи ја важноста од чести, навремени и анонимни тестирања и важноста од откривање на инфекцијата во рана фаза,  Ѓоргиевска апелираше да се тестираат не само ризичните групи, туку и сите оние кои имале ризично однесување.

Воедно, таа изрази силна поддршка на платформата на граѓанските здруженија, кои се ангажирани во имплементацијата на ХИВ програмата и ја поздрави нивната одлична соработка со државните институции.

– Сакам да дадам јавна поддршка на сите граѓански здруженија кои соработуваат со државните институции во пружањето на психосоцијална помош, помагаат со тестирањата, давањето на терапија,и даваат поддршка на сите лица, не само на оние кои живеат со ХИВ, туку и на нивните пошироки семејства и пријатели, со цел практично да им се овозможи нормален живот и  тие да можат нормално да функционираат без разлика на нивниот ХИВ статус, истакна во дискусијата Ѓоргиевска.

На панел дискусијата учествуваа доктор Милена Стевановиќ, медицински директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Весна Илиевска, проектна координаторка од Здружение ХЕРА, Андреј Сених, извршен директор на здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Ангела Александровска, едукаторка и волонтерка од ХЕРА Млади и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје./ МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ