• Latest
????????????????????????????????????

Готова е Нацрт-стратегијата за правосудството!

September 11, 2017

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Спортот не е платформа за пропаганда на убиства

May 27, 2026

Уставните измени, „бугарското прашање“ и европскиот пат: Како да се води рационална дебата без страв и манипулации

May 27, 2026
Илустрација: ВИ

РЕАКЦИИ: Од повици за компромис до обвинувања за „бугарска уцена“ – граѓаните поделени за ставовите на Мицкоски и Филипче околу Бугарија

May 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Готова е Нацрт-стратегијата за правосудството!

September 11, 2017 20:00
in ПОЛИТИКА
????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Share on FacebookShare on Twitter

Нацрт–стратегија за реформа на правосудниот сектор со Акциски план е презентирана денеска во Охрид, на средба на Работната група при Министерството за правда.

„Владата има цврста одлука и политички консензус за решителни реформи во правосудниот сектор, во насока на враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем, подобрување на пристапот до правда за сите граѓани, целосно владеење на правото и инсталирање на меритократијата во овој сектор“, порача ресорниот министер, Билен Саљији.

Тој ги повика сите, особено опозиционите партии, да ги подржат идните законски проекти, што произлегуваат од оваа Нацрт-стратегија, а се исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, го истакна значењето на инклузивноста на експертите и на јавноста во процесот на создавање на Нацрт-стратегијата, укажувајќи на заложбата за целосна транспарентност во следниот период.

„Прво, оваа Стратегија заедно со Акцискиот план ќе ја објавиме целосно на веб-страницата на Министерството, како и на Единствениот национален електронски регистер (ЕНЕР), што досега не било пракса. Во наредните дваесетина дена, целата јавност ќе може да ја прочита, анализира и да даде свои сугестии за овој значаен документ. Откако ќе ги обработиме сугестиите, Стратегијата ќе влезе во Владина процедура, но принципот на инклузивност не завршува ни тука. Од оваа Стратегија ќе произлезат многу законски решенија од кои најважните се клучни  системски закони како Законот за судови, Законот за јавно обвинителство, Законот за Судски совет, Законот за Совет на јавни обвинители“, изјави Ристовски.

Проф.д-р Ана Павловска – Данева, која е претседател на Работната група, ги потенцираше клучните и конкретни насоки за реформа на правосудниот сектор: независност и непристрасност, унапредување на квалитетот на институциите, што го сочинуваат правосудниот сектор, одговорност, ефикасност и транспарентност.

Таа потенцираше дека е невозможно, накусо да се образложат сите мерки што се предвидени во овој документ.

„Затоа ве повикувам да го прегледате, прочитате и анализирате, а во наредниот период, Работната група ќе биде на располагање да ги слушне и онаму каде е соодветно, да ги имплементира евентуалните сугестии на јавноста“, повика професорката Павловска – Данева.

 

 

 

Tags: Билен СаљијиМинистерство за правдаОливер Ристовскиправосудствоработна групареформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ