„На безбедносен план во Европа, па и во светот пошироко, се случува нешто што никој не го очекуваше, војна на тлото на Европа. Она што е загрижувачки што по кубанската криза, денеска за првпат се спомнува опасност од нуклеарно оружје како можност, што е едно од најсериозните закани по светскиот мир и безбедност“, изјави проф. Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана на Македонија на Конференцијата на Асоцијација „ Центар за анти-тероризам и мир “Гардијан” од Куманово.
„Она што треба да не загрижува е и ескалацијата на економската криза. Економската состојба станува една од најопасните алатки во кризни состојби која што ги погаѓа сите без исклучок. За прв пат во Втората светска војна имаме поширока политичка, безбедносна и економска криза во светот за кои никој не може јасно да кажае за нивната завршница. Ако имаме јасност како тоа ќе заврши ќе имаме и прецизни инстурменти како тоа да заврши… Според мене она што е загрижувачи е што сега и социјалниот проблем ќе се продлабочи, бидејќи сиромаштијата станува се посериозен проблем. Сите знаеме дека луѓето под социјален ризик стануваат нелојални кон институциите и во безбедноста на државата“, истакна Гоцевски.
„Застојот во интегративните процеси во Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, која чека веќе 16 години влез во ЕУ, негативно се одразува на мирот и стабилноста во регионот кој фактички е дел од Европа. Без стабилизација на балканскиот дел, не може да има стабилизација на Европа. Ваквото одолговлекување води до евроскептицизмот и во Македонија. Тоа води и до охрабрување на сè порадикални структури“, вели Гоцевски.
Гоцевски зборуваше и за капацитетот на вооружување на земјите во регионот и нивните безбесна подготвеност. Според Гоцевски, потребен е процес на европизација на целиот Западен Балкан, со оглед дека сега постои процес на балканизација и милитаризација кој што не е во корелација со стабилизација на регионот.
„Политиката на отворени врати, мора да остане отворена, во спротивно обединета Европа во мир со себе и со светот ќе биде само сон. Колку повеќе се влече процесот, толку повеќе ќе има негативни вредности“, вели Гоцевски.
Б. Јордановска
камера: Атанас Петровски