• Latest

Говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на Локалните избори 2021

December 26, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на Локалните избори 2021

Резиме на анализата од мониторингот на медиумите што го спроведе ЦИВИЛ за време на процесот на спроведување на Локалните избори 2021

December 26, 2021 09:08
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

По извршениот мониторинг за првиот круг и за вториот круг од изборната кампања во 2021, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) објави два извештаја за начинот на известување на радиодифузерите, но не детектираше програми кои шират дискриминација, нетрпеливост или омраза за време на Локалните избори 2021.

Во оваа анализа се фокусиравме на повеќе медиумски содржини – примери за говор кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во контекст на „Локалните избори 2021“. Анализата нуди доволно примери и аргументи дека говорот кој поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза во медиумите е сè уште актуелен проблем, кој треба да се адресира од страна на надлежните институции и по локалните избори во 2021 година.

Медиумски примери за дискриминација, нетрпеливост и говор на омраза врз основа на политичка припадност или политичко уверување

Политичкиот говор против „предавници“, „квислинзи“, „колаборационисти“, „северџани“, „комуњари“, „непријатели“, итн. беше користен како алатка за политичка борба и за време на кампањата за Локалните избори 2021 од страна на повеќе партии, особено од страна на опозицијата.

Уште на самиот почеток на изборната кампања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, почна да ги жигосува ставовите на своите политички противници како „предавнички, капитулантски, квислиншки“, а самите нив како „предавници“. Така, по митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино на 29.09.2021, повеќе медиуми известија дека Мицкоски посочил дека „власта на СДСМ се најдобрите предавници“.

Мега – националистичкиот говор на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ против криминализираните „предавници“ од власта, беше практикуван и од други политичари од ВМРО-ДПМНЕ. Неколку дена по националистичката тирада на Мицкоски, пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски го опиша актуелниот потпретседател на владата како „предавник без идентитет“. И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николоски во изјава дадена во изборната кампања, и пренесена од МИА, ги опиша своите политички конкуренти како „бандити“ и „национални предавници“. Ваквиот „патриотски“ дискурс против предавниците и предавствата од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ беше следен и од кандидатите на локално ниво во нивните политички изјави. Фејсбук страницата на „Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ“ и порталот „Македонска нација“ објавуваа потпалувачки говор кон „предавничките политики“ и кон „внатрешните непријатели и предавници“, сугерирајќи справување со „сите наши внатрешни предавници и надворешни непријатели“.

Непосредно пред официјалниот почеток на изборната кампања, партијата „Левица“ го обвини премиерот дека потпишал „предавнички договор“ со „самопрогласената држава Косово“.  Од самиот почеток на кампањата, активисти на Левица, особено на социјалните мрежи, користеа „патриотски“ дискурс против „предавниците.“  На главниот митинг во Скопје, пратеникот Димитар Апасиев потенцираше дека „…конечно дојде времето кога ни се плашат – и треба да ни се плашат, бидејќи ќе бидеме сурови, безмилосни кoн нивните криминали и нивните предавства“.

Во објава на 10 октомври 2021, „Левица“ користеше потпалувачки говор против „овие квислинзи на власт“, а во објава на 11 октомври, „Левица“ користеше експлицитен потпалувачки говор против „квислиншката власт“ и „домашните предавници во Македонија“. По инцидентот на одбележувањето на 11 октомври во Прилеп, предизвикан од активисти и носител на советничка листа на Левица, пратеникот Димитар Апасиев повторно користеше јазик кој поттикнува омраза против „квислинзите“ и „предавниците“, а „Левица – Прилеп“ го опиша чинот како чин против „неофашистичката влада“.

Во текот на кампањата, лидерот на „Левица“ продолжи да шири дезинформации и поттикнува нетрпеливост и омраза кон неистомисленици, не само против „Северџанските заевисти“ туку и против оние што ги нарекува „Либтардфашисти“. Пред гласањето во првиот круг од изборите, Апасиев упати „Апел до неопределените“ со жесток вокабулар против „домашните окупатори“, „внатрешните квислинзи“, „башибозукот на властодршците“, но и против „соросписки „фактчекери“ и забревтана енџио-пропаганда“.

И други политички партии и активисти користеа говор кој поттикнува дискриминација и омраза кон „предавници“ за време на кампањата. На пример, кумановскиот огранок на владејачката партија СДСМ, го означи како предавство повторното кандидирање на „предавникот“ Максим Димитриевски, кој стана градоначалник на Куманово како предлог на СДСМ во 2017, а не беше подржан од партијата во 2021.

ЦИВИЛ укажа на „црна кампања во која преовладуваат говорот на омразата, навредите и дезинформациите за политичките конкуренти“, и посочи дека „доминира темата со трагедијата во Тетово која се користи за дискредитирање на политичките противници“, со организирана хајка против СДСМ. Трагичниот настан по пожарот во Тетово, беше перманентно користен за време на кампањата за ширење на дезинформации и оркестриран говор на омраза, каде што главна мета беа градоначалничката на Тетово, министерот за здравство, но и лидерите на ДУИ и СДСМ.

И помали опозициски партии и партиски активисти за време на кампањата користеа говор против „предавниците“, „северџаните“, „квислинзите“, „комуњарите“, како активистите на партиите Единствена Македонија, ТМОРО, МААК, итн.

По изборите, партиска активистка на ДУИ упати закани со војна, изјава која беше осудена од лидерот на ДУИ Али Ахмети и предизвика повеќе општествени реакции, а партијата „Левица“ поднесе кривична пријава за предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост врз национална основа.

По изборите, откако ВМРО-ДПМНЕ најави, но не оствари ново парламентарно мнозинство, пратеникот Кастриот Реџепи од Движењето Беса, кој не се појави на гласање во парламентот, беше мета не само на дезинформации (дека бил „киднапиран“), туку и на говор кој поттикнува дискриминација и омраза. Кон пратеникот се поттикнуваше омраза од страна на политичките неистомисленици, беше жигосуван како „предавник“, а неговиот чин беше опишуван како предавство. Ваквиот радикален дискурс дополнително поттикнуваше говор на омраза врз основа на етничка и политичка припадност на социјалните мрежи.

Говор кој поттикнува дискриминација и омраза од медиуми, новинари и други јавни личности

Говор кој поттикнува дискриминација и омраза врз основа на политичко уверување или политичка припадност, беше користен и од страна на медиуми, новинари, и други јавни личности, пред, за време и по локалните избори 2021.

Ќе сумираме неколку изрази користени од познати новинари: „квислинзи во мали пакувања“,  „наездата на предавството, насилството, простотилокот и криминалот на струмичката мафија“, „Можеби претерувам дека реки ќе се леат, но дека ќе се лее крв, ако некој се обиде да ни наметне дека ние сме „Бугаромакедонци“, тука немам никаква дилема…“; „северџани“, „предавници“ и „одроди“; „антимакедонски монструми“, „дркотирам мороните“, „наркоманско-предавничка банда“, говор против „соросоидите“ стигматизирани како „странски платеници“, потпалување патриотски и етнички страсти со дезинформации и теории на заговор, обвинувања за предавство на националниот идентитет, правење дискриминаторски поделби на „патриоти“ и „кастриоти“, итн.

Ќе сумираме и изрази користени од познати јавни личности: „тоа дувло на национални предавници, кримиолигарси и паразити“, „најголемиот бугараш и предавник на македонските интереси“, „бандата предавничка“, повици за гласање против „националното предавство“, обвинувања за „велепредавство“, прогласувања „државни предавства“ и „државни предавници“,  поттикнување нетрпеливост кон „бандата криминална“, обвинувања за „договор со ѓаволот“ и „националното предавство“ за „30 јудини сребреници“, како и за „пеколен круг на предавства“, поттикнување нетрпеливост кон „комуњарите и комуњаризмот како општествен паразитизам, како едноклеточен и примитивен организам“, кон „бесни и гладни за човечко месо паразити“; говор „домашните колаборационисти“, дезинформации и обвинувања за „велепредавство“, за „демакедонизирана Македонија“, „за помор на македонскиот род, македонското име, за сè што е македонско“.

Сите овие примери се сведоштво дека говорот кој поттикнува дискриминација и омраза врз основа на политичко уверување и политичка припадност беше составен дел од јавниот дискурс пред, за време, а и по Локалните избори 2021.

Говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на етничка припадност

Говорот на омраза врз основа на етничка припадност беше детектиран неколку месеци пред изборите, а таквиот говор вклучуваше и ширење повици за насилство на социјалните мрежи, особено по гласањето на законот за државјанство. Говор кој поттикнува меѓуетничка омраза на социјалните мрежи беше детектиран пред и за време на одржување на пописот, со ширење дезинформации и заплашувања со „косоваризација“ на Македонија.

Во почетокот на изборната кампања, како ефект на предизборните мултиетнички коалиции, во политичкиот дискурс имаше очекување дека ќе се намали говорот кој поттикнува нетрпеливост, дискриминација и омраза врз етничка основа. Меѓу политичките соперници имаше обиди за политичко дискредитирање со обвинувања за поранешно ширење на говор на омраза врз етничка основа.

По првиот круг од локалните избори, ЦИВИЛ регистрираше објави на социјалните мрежи кои „предизвикуваат коментари со говор на омраза и етничка нетрпеливост“, и повика „да се смират политичките страсти и да нема реваншизам по ниедна основа“.

За време на изборната кампања, забележително беше користење на дискриминаторските термини „северџан“ и „северџанистанци“, не само од страна на новинари и колумнисти, туку и против новинари и опозициски политичари.

По вториот круг на изборите, на социјалните мрежи имаше разгорување на говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на етничка припадност, особено по објавата за „чизмите на таван“ која може да се протолкува како закана за војна упатена од страна на една политичка активистка. Таквиот дискриминаторски говор, кој поттикнуваше етничка нетрпеливост и омраза особено се засили откако опозициските партии не успеаја да го ефектуираат најавеното ново парламентарно мнозинство со гласање на недоверба на владата.

Дури и катастрофалната сообраќајна несреќа во Бугарија предизвика говор на дискриминација и омраза врз етничка основа, по што најпосле уследи и институционална реакција, која отсуствуваше за време на изборната кампања.

Говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза по други основи

Во контекст на Локалните избори 2021, беа детектирани и други видови на говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза по други основи, најмногу врз основа на пол и род. Мета на ваков говор беа и кандидатки за градоначалнички, но и министерки во владата. Негативната реторика и личните напади кон одредени кандидати, особено жените, беше осудена од претставничката на набљудувачката мисија на ОДИХР за изборите, а црната кампања на родова основа беше осудена и од страна на ЦИВИЛ.

Во анализата се даваат примери за говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза и врз други основи: врз основа на сексуална ориентација, врз основа на националност/државјанство, врз основа на религија или верско уверување, врз основа на попреченост, припадност на маргинализирана група, итн.

Исто така, во анализата се даваат примери и општествени реакции за говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза во контекст на пандемијата и мерки против пандемија, насочен против здравствените работници и властите.

Беше забележан и говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза кон мигранти и бегалци, не само пред изборите, туку и за време на изборната кампања.

Освен тоа, и на овие избори имаше примери за говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза кон новинари и медиуми. Пред крајот на изборната кампања, се интензивираше говорот на омраза и насилство, насочен не само кон кандидати и учесници на изборите, туку и кон други јавни личности, интелектуалци, граѓански организации и активисти.

Говор кој поттикнува дискриминација, нетрпеливост и омраза кон здруженија на граѓани и граѓански активисти беше документиран од страна на ЦИВИЛ во повеќе наврати во контекст на „Локалните избори 2021“.

ЦИВИЛ регистрираше и повеќе закани кон самата организација, дури и повици од заканувачите кон граѓаните да ги снимаат и фотографираат членовите на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ и да им ги достават материјалите.

ЦИВИЛ во текот на кампањата ги повика надлежните институции да ги сфатат сериозно повиците за насилство и говорот на омраза и да реагираат. По локалните избори, на меѓународниот ден на толеранцијата, Цивил повторно ги повика надлежните институции да преземаат соодветни мерки во однос на непрекинатиот говор на омраза, и да ја отфрлат праксата на неказнивост.

 

*Овој текст е дел од публикацијата „Локални избори 2021: Научени лекции“ на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во оваа публикација се одговорност на ЦИВИЛ и на авторките и авторите и не ги одразува ставовите на донаторите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ