За вирусот Ковид-19 ќе се најде лек, но за вирусот „говор на омраза“ малку потешко. Извесен Василие Стојановски на својот Фејсбук профил истакнал дека повторно ќе има карантин поради „ш……те“.
„Ако не затворат до понеделник пак во карантин поради тоа што грото од шиптарите нејќат да се тестираат и воопшто не ги почитуваат мерките од сам старт, ќе се дигнеме ли во востание? Ќе палиме? Ќе постираме ли црни слики? Што ќе праимее имбецилии?“, пишува Стојановски.
Стојановски откако го напишал статусот дека албанците се виновни за ширење на корона вирусот и поради нив треба цела држава да биде во карантин, тој се обиде да го релативизира својот став дека зборот „шиптари“ е помал проблем од тоа дека луѓе умираат.
„Се извинувам што пишав „шиптари“ наместо албанци, очигледно тоа е поголем проблем од тоа што луѓе умираат, бизниси и семејства пропаѓаат и сме затворени како глувци… изгеа вака е коа си европска држава… да живее Северна Фиромија“, пишува тој.
Василие иронично вели „изгледа вака е коа си европска држава“… демек во Европа не е битно дали навредуваш одредена група граѓан(к)и, битно е да има работа, бизнис, луѓе да не(умираат) од корона вирусот, таму нема криза, нема карантин….
За време на пандемијата говорот на омраза зема се повеќе замав. Институциите треба сериозно да се зафатат со работа и да ги санкционираат сите оние кои шират говор на омраза или дискриминираат по етничка, верска, партиска или било кој друга основа.
Д. Муратов