• Latest

Граѓанинот Малиќи има лична карта на адреса од напуштена куќа!

November 3, 2016

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Граѓанинот Малиќи има лична карта на адреса од напуштена куќа!

November 3, 2016 17:54
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Шериф Малиќи (56) е роден во Тетово, а 16 години живее во населбата „Три багреми“ во Прилеп. Лична карта извадил пред 5-6 години, но му било сугерирано да донесе сведок дека живее на друга адреса. Бидејќи „Три багреми“ е „дива“ нелегализирана населба, му посочиле напуштена куќа во која како „жители“ се водат и неговата сопруга и трите деца, иако некои од нив и не живеат веќе во Прилеп.

„Од Општина, од полиција, ми рекоа да извадам лична карта на адреса на куќа во која не живеам. Дојде еден човек, како сведок се потпиша, и ми ја дадоа личната карта! Еве ја личната карта, само треба да ја сменам, оти е скршена, ми бараат и имотен лист… Ја извадив пред 5-6 години. Таа куќа е затворена, празна е, напуштена, а сите се водиме таму, јас, жената, машкото дете и девојчето ми се водеше таму и уште еден син, не е овде, во Тетово е сега, петмина таму се водиме“, вели Малиќи.

слика 8

Тој тврди дека политичарите во „Три багреми“ доаѓаат само за време на избори, поточно, на денот на изборите.

„Доаѓаат, ‘ти ја мијат главата со ладна вода’ и пријатно. Ни велат да гласаме, ветуваат ‘ова ќе правиме, она ќе правиме’, а кога гледаш, ништо не се прави! Да видиме што можат да направат за децата. Овие деца одат гладни во училиште, немам никаков приход за нив, немам ниту социјална помош, а гледам три внучиња“, се жали нашиот соговорник.

Три багреми
Жители на ромска населба „Три багреми“,Прилеп

Тврди дека нема да гласа на овие избори, затоа што не им верува на политичарите. Од ветувањата сите овие години, тврди дека политичарите ништо не оствариле.

„Кога има избори, доаѓаат со автомобили за да ги земат луѓето, ќе речат ‘ќе ви дадеме по едно шише масло, по една кеса со брашно’, а ние сме сиромаштија… Доаѓаат од сите партии, од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ, ги носат на гласање, гласаат за нив, можеби ги убедуваат… Овде има 110 куќи“, вели Малиќи.

Условите во кои живее семејството Малиќи се катастрофални. Живеалиштето не е куќа, туку како што вели самиот Шериф, “на диреци поврзани, картони и теписи“. Кога врне, се жали дека не само покривот, туку прокиснува секој агол во колибата. „Тече вода од сите страни, им капе на децата додека спијат“, вели тој.

Најстрашни се зимите, зашто немаат ниту огрев, но и летата кога змиите минуваат покрај нив. Политичарите од власта, вели, им ветувале многу подобри услови во изминатите 10 години, но од тие ветувања ништо не оствариле.

Текст и камера

Моника Талеска

 

 

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕизбориЛажни ветувањаПрилепРомиТри багреми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ