„Живееме во хаос. Се надевам дека поскоро ќе помине. Граѓаните за сѐ треба да се прашаат, меѓутоа во последно време буквално, би рекол многу егзактно тие не се прашуваат за ништо. На локално и на централно ниво формално сѐ функционира, суштински слабо, да не речам ништо“, изјави соговорникот на ЦИВИЛ Медиа од Куманово одговарајќи на прашањето колку граѓаните влијаат на носење политички одлуки на локално или централно ниво.
И додека дел од граѓаните мислат дека граѓаните не се прашуваат за ништо, еден граѓанин сметаше дека со промената на локалната власт и новиот градоначалник граѓаните се наоѓаат во подобра позиција.
„Не може сѐ одеднаш да се реши, но со помош на градоначлникот и Советот на општината тие проблеми, со кои се соочуваат граѓаните секојдневно, постепено ќе се решат“, изјави соговрникот.
Биљана Јордановска
Каера: Дехран Муратов