Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов вели дека е започната постапката за отстранување на галијата кај старата пошта.
За тоа се создадени правни услови, поради непочитување на договорот од страна на концесионерот бидејќи галијата никогаш не проработи, а тоа е утврдено при посетата од градските служби. – Дислокацијата на урбаната опрема треба да се случи во рок од 30 дена или ние тоа ќе го направиме на негов трошок. Кога ќе се создадат правни услови за градот Скопје да нема финансиски импликации, ќе постапиме и за останатите две галии- рече Шилегов. Со галијата стопанисува Ниче Димовски, кој е шура на поранешниот градоначалник Коце Трајановски.
П.К.