После вчерашните концерти на отворено во Топанско Поле на Артан Кастрати и групите Funk Shui и Musaiq кај Млечен, денеска ќе настапат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје за подрршка на културните работници.
-Со почеток во 11.30 часот, на фејсбук страницата на Град Скопје ќе може да го проследите видео перформансот на Гоце Илиевски, а половина час потоа, од 12.00 часот па до 14.00 часот следат пијано изведбите на Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода и Дуња Иванова во паркот Шопен во Кисела Вода. Во 14.00 часот ќе настапи Силви Бенд со своите познати хитови. За вечерните часови, следат маалските концери на групата Pluto’s Doubts во 18.00 часот и групата South Park во 20.00 часот во населбата Аеродром кај Стела, информираат од Град Скопје.
Сите настапи ќе бидат пренесувани во живо на:
– фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs
– Youtube каналот на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw
Сите учесници ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.