Околу 7.000 граѓани на Република Северна Македонија денеска го преминале граничниот премин „Богородица“, за да ги поминат неработните празнични денови во туристичките места во Грција.
На граница се чекало од 20 до 25 минути, заради зголемената раздвиженост на автомобили.
Според информациите од полициската станица на граничниот премин Богородица, на пасошите освен редовната контрола треба да се стави печат на Република Северна Македонија, а за возилата да се издадат налепници. За излез од Македонија поминале околу 12 илјади патници низ овој граничен премин, од кои околу 7 илјади се македонски државјани.
Граничниот премин Дојран во последните 24 го поминале околу 1.800 патници.